1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Владата на Лета доби доверба, партијата на Берлсукони надвор

ЕМФ/ртр/дпа/афп27 ноември 2013

Владата на премиерот Енрико Лета доби доверба од Сенатот при гласањето за буџетот 2014-та. Претходно, партијата на Берлускони, Форца Италија соопшти дека се повлекува од коалицијата.

https://p.dw.com/p/1APFn
Фотографија: Reuters

Италијанската влада доби доверба од 171 сенатор, додека против беа 135 сенатори. Гласањето за буџетот е дел од повеќе рунди гласање за т.н. Закон за стабилност кои следуваат и во текот на денешниот ден.

На само неколку часа пред да се гласа во Сенатот, партијата на Силвио Берлускони, Форца Италија, соопшти дека се повлекува од владејачката коалиција, потег што беше очекуван, но немаше последици по владата на Лета поради тоа што тој ја има поддршката од новоформираната партија на вицепремиерот Анџелино Алфано. Партијата на Алфано неодамна се отцепи од конзервативната партија на Берлускони.

Italien Premierminister Enrico Letta Vertrauensfrage Referendum 02.10.2013
Енрико Лета ја има довербата на сенаторитеФотографија: Reuters

Сенатот денеска (27.11) треба да гласа и за судбината на Силвио Берлсукони, односно за тоа дали ќе го исклучи екс-премиерот, кој е осуден за даночна измама. Се очекува мнозинството сенатори да гласа за исклучување на Берлсукони.