1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Владата работи неуморно, но има и пропусти

Горан Петрески1 ноември 2008

Македонскиот премиер Никола Груевски со целиот свој министерски кабинет и‘ се обрати на нацијата по повод стотте дена од функционирањето на неговата влада.

https://p.dw.com/p/FllK
Премиерот ветува остварување на програматаФотографија: DW/MIA

Премиерот Груевски истакна дека и новата коалиција работи посветено, деноноќно и без запирање, со силно темпо и без штедење. Владата работеше во овие сто дена на остварување на програмата, рече Груевски. Тој се пофали со постигнатото, но призна дека има и пропусти.

Nikola Gruevski Wahlsieger Mazedonien Wahl
Дел од изборните ветувања не се исполнетиФотографија: AP

Има и нереализирани ветувања

Груевски почна со тоа што беше ветено, а не беше исполнето за првите сто дена – воведување на тн. „Кол центар“ на централно ниво за пријавување на нерегуларности и незаконско работење на извршителите во инспекторатот, потоа изградба на 25 тениски центри во исто толку општини.

Смената на власта во 2006 година премиерот Груевски ја објасни со серијата нереализирани ветувања од што македонските граѓани биле разочарани.

Тој обвини дека постоеја обиди за засенување на сликата која ја имаа граѓаните за неговата влада, како и обиди за нарушување на работата на владата, но тие беа безуспешни.

Груевски вети посветено остварување на програмата – „Преродба во сто чекори“.