1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Владина изјава за уставот на ЕУ

2 јули 2004

На денешното заседание на германскиот Бундестаг во фокусот беше владината изјава на канцеларот Герхард Шредер во врска со Уставот на Европската унија.

https://p.dw.com/p/AcMW
Шредер зборува во Бундестагот
Шредер зборува во БундестаготФотографија: AP

Фракциите застапени во него го пофалија текстот на уставот што беше прифатен од сите 25 земји членки на Унијата. Но, сега тој мора да биде ратификуван од сите земји-членки. Како владата, така и опозицијата го пофалија тесктот на уставот како историкси компромис. Канцеларот Герхард Шредер во неговата владина изјава, истакна:

"Мислам дека заклучокот за уставот преставува вистина камен темелник на патот кон натамошната европска интеграција. Затоа тој заклучок со право е наречен историски пресврт“.

Тој изјави дека сојузната влада во некои точки не можеше да изврши пробив, но е задоволен од резултатот – пред се од моделот на гласање со двојно мнозинство. Таквиот принцип ја потврдува германската позиција и го оправдува откажувањето од три места во Европскиот парламент од 2009 година. За канцеларот е решавачко што сите 25 земји членки можеа да се согласат околу еден заеднички текст:

“На крајот сите се придвижија што покажува дека проширувањето од една и продлабочувањето од друга страна не мораат да бидат спротивности. Тие се подеднакво важни за процесот на обединување во Европа и за тоа дека Европа може да ја игра својата улога во светот“.

Претседателката на Демохристијанската партија Ангела Меркел уставот го нарече историски пресврт. Но, критикуваше што во текстот го нема Господ:

“Ако Европа сака да каже каде се наоѓа, ако Европа сака да игра улога во глобалниот свет, тогаш ние ќе бидеме запрашани: кои се вашите корени? Кои се вашите духовни основи? Оттаму внесувањето на христијанското наследство за нас и натаму е важна точка од која нема да се откажеме и во наредните години ќе се обидуваме да ја внесеме. Мораме да научиме повторно да се препознаваме според нашите корени“.

И либералите подеднакво го пофалија текстот на Уставот. Според шефот на нивната фракција Волфганг Герхарт меѓутоа, само уставот не им ја прибилижува Европската унија на граѓаните. Подоброто посредување е подеднакво важно како и јасни позиции на Европската унија, на пример во надворешната политика:

“Европа мора да излезе од детските чевли и од недостигот на геостратегиска ориентација. Се уште се возиме на помошно седиште со дигнат показалец кај другите светски политики, место да внесеме сопствени иницијативи. Ако тоа не с е случи, тогаш не сме ги извлекле правилните консеквенци од уставот. Тој не е се и бара од нас дејство“.

Канцеларот Шредер исто така се изјанси за тоа дека сега треба да се делува меѓу граѓаните за уставот:

“За да ја направиме европската интеграција не само работа на разбирање, туку и на срцата на луѓето, не ни е потребна помала, туку многу поголема европска јавност отколку досега“.

Министерот за надворешни работи Јошка Фишер потсети дека уставот мора најнапред да биде ратификуван од сите 25 членки на ЕУ, пред да влезе во сила. Овој процес ќе потрае до крајот на идната година. Во некои земји ќе има референдуми, а во Германија таа задача ја има парламентот.