1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Владина платформа за надворешно - политичките приоритети

Александар Чомовски 25 јули 2008

Зачувување на уставното име и бескомпромисно решение кое нема да го загрози македонскиот национален идентитет се надворешно политичките приоритет на владата на Македонија.

https://p.dw.com/p/EjfN
Премиерот на Македонија Никола ГруевскиФотографија: DW/MIA

На почетокот на август се очекува да продолжат македонско - грчките преговори за решавање на спорот со името. Македонскиот премиер Никола Груевски во меѓувреме ја промовира владината платформа чии надворешно политички проиритети се зачувување на уставното име и бескомпромисно решение кое нема да го загрози македонскиот национален идентитет. Со таа платформа е запознаен и коалициониот партнер ДУИ и неговиот шеф Али Ахмети.