1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Владин биланс по првите 100 дена владеење

Александар Чомовски4 декември 2006

Македонскиот премиер Никола Груевски позитивно ја оцени работата на владата, за која денеска и министрите ќе дадат отчет. Опозицијата ја најавува својата оценка.

https://p.dw.com/p/Ac1C
Скопје
СкопјеФотографија: DW

Исклучителна динамична и позитивна владина активност со стимулирање на економија, јакнење на безбедноста и борба против криминалот - вака денеска ги оцени првите 100 дена од премиерското владеење Никола Груевски. Опозицијата за утре најавува оценка, а анкетите на јавното мнение покажуваат дека над 55 проценти од граѓаните не веруваат оти подобро ќе живеат - соопштува истражувачкиот центар на Форум по неодамнешната анкета.