1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Власта и опозицијата и натаму на дистанца

Александар Чомовски6 февруари 2007

Македонскиот премиер Груевски упати порака за разговори до Али Ахмети и ДУИ за наоѓање заеднички јазик по спорните прашања,иако дијалогот е сеуште далеку од посакуваниот

https://p.dw.com/p/AdZV
Фотографија: aptn

Политичкиот дијалог власт- опозиција е пред одмрзнување,по пораките од Брисел приемерот Никола Груевски попушта,со отворено писмо и покана го поканува лидерот на ДУИ Али Ахмети на разговори,а неговата партија да се приклучи во партискиот квартет,кон работните групи на СДСМ,ДПА и ДПМНЕ во македонскиот парламент.Затоа премиерот сега е подготвен да разговара и за иницијативи од ДУИ,но оваа партија посебен приоритет дава на правата на борците на ОНА,примената на Бадинтеровото етничко гласање и официјализирање на албанскиот јазик.Ниту една од овие теми не е во агендата на веќе започнатите дебати во работните парламентарни групи.Затоа и Груевски во писмото до Ахмети бара ДУИ да делегира претставници во парламентот што практично би значело и прекин на бојкотот.

-Местото на пратениците на ДУИ е во Собранието на Република Македонија.Мислам дека не би тревбало да се поддржува онаа погрешна одлука за бојкот на институциите,бидејќи во една парламентарна демократија проблемите се решаваат таму,изјави вчера македонскиот претседател Бранко Црвенковски во Тетово.

Во Парламентот дијалогот меѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ засега е отворен за спорните уставни амандмани,гласањето на иселениците,промените во парламентрната комисија за етнички односи,како и за примена на Бадинтеровото правило за гласање.Владеачката партија е подготвена на компромис, преку неформални разговори со ДУИ да определи кои закони ќе треба да се гласаат преку т.н. Бадинтерово мнозинство.Од друга страна ДУИ стравува дека постојано ќе биде надгласувана во решението за кои закнони ќе треба парламентарно мнозинство од албаснките гласови,затоа што власта има има мнозинство во етничкиот комитет.Писмото до Ахмети деновиве ќе го разгледа партиското раководство на ДУИ,но тој останува на барањето во дијалогот власт опозиција да посредуваат меѓународни претставници што е неприфатливо за премиерот Груевски.Сепак,јавната комуникација со Ахмети е напредок во инаку непопустливоста на премиерот да се водат разговори според агендата на ДУИ и да имаат лични контакти со Ахмети.Во меѓувреме продолжува дебатата за новиот собраниски деловник во кој опозицијата препознава обид за официјализирање на албанскиот јазик во раководењето со Парламентот.

-Со една драматика во неговото обраќање,но исто така и со една доза на албанофобија во тој дел.

-Дали ако се залагате да се применува уставот со тоа што ќе сакате да го исфрлите македонскиот јазик таму каде што е пропишано да се употребува,е македонофобично?

Оваа полемика во Собранието меѓу пратениците Китановски од ВМРО ДПМНЕ и Поповски од СДСМ е само дел од амбиентот за темите и проблемите со национален карактер во Македонија.