1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Влошени економските односи меѓу Македонија и Грција

Горан Петрески 22 април 2008

Економските релации меѓу Македонија и Грција се толку влошени, што веќе се зборува за трговска војна. Реакции на бариерите од Европската комисија и Македонската стопанска комора.

https://p.dw.com/p/Dm5Y
Отежнат експортот на македонските производиФотографија: picture-alliance/ dpa

Економските релации меѓу Македонија и Грција се до таа мера заладени што двете земји се доведени на работ на трговска војна. По самитот на НАТО и грчкото вето за македонскиот влез во Алијансата, меѓусебното нетрпение и во бизнисот постепено ексалира.

Во Македонија граѓаните ги бојкотираат грчките фирми и производи, и ги откажуваат туристичките аранжмани.

Грција возврати со блокади, ги спушти рампите за македонскиот извоз, што особено го погоди извозот на јагнешко месо среде сезона. И забрани пристап и на единствената авиокомпанија од Македонија. МАТ нема право да лета во Грција ниту да ја прелетува нејзината територија. ЕК бара од Грција да ја преиспита оваа одлука.