1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вл. Кличко нокаутиран – неостварен сонот за враќање на титулата

12 април 2004
https://p.dw.com/p/Aenm
Крај на борбата - и на сонот на Вл. Кличко
Крај на борбата - и на сонот на Вл. КличкоФотографија: AP

Сонот на Витали и Владимир Кличко, да бидат први браќа кои ќе ги држат титулите светски првак во бокс во тешка категорија во разните верзии, тешко дека ќе се оствари по нокаутот што го доживеа помладиот, 28-годишниот Владимир во Лас Вегас против Американецот Лејмон Брјустер во петтата рунда. Необично е што во четвртата Американецот беше фрлен на под, се наоѓаше пред нокаут, но се созема и веќе во наредната рунда ја сврти ситуацијата и ја реши борбата во своја полза. “Владимир беше на пат кон сигурна победа, всушност боксуваше мудро, како и што си претставуваме. И тогаш, кога беше прв пат погоден, сакаше се’ да реши со сила”, прокоментира Фриц Здуњек, тренер на браќата Кличко.

Владимир Кличко ја загуби титулата во верзијата ВБА минатата година, исто така со пораз со нокаут до Кори Сандерс од Јужна Африка.