1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ предложија декларација за НАТО

бг/миа24 април 2012

Владејачките партии на Собранието му доставија декларација со која ги повторуваат заложбите за членство на Македонија во НАТО.

https://p.dw.com/p/14kAk
Фотографија: Petar Stojanovski

Владејачките ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ до Собранието и до сите пратенички групи доставија Предлог-декларација за реафирмирање на реализацијата на стратешката цел за членство на Република Македонија во НАТО, соопшти денеска координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева.

Во Предлог-декларацијата, меѓу другото, се наведува дека интеграцијата на земјата во НАТО треба да биде главната политичка определба, интенција, цел и заслуга на сите политички партии, општествени чинители и граѓани кои со своето делување влијаат врз динамиката и квалитетот на реализацијата на овој процес, и споделуваат обврска за придонес. Се повикува на почитување на принципите на отворени врати на НАТО врз кои се темели Алијансата и исто така се посочува дека земјата ги има исполнето сите критериуми и услови за членство во НАТО. Македонија останува посветена на континуирани реформи и поддршка на мировните операции за обезбедување на светскиот мир и демократијата.

Во Предлог-декларацијата се бара да се уважи пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг и препораките од таа пресуда.

Во натамошниот дел се укажува на значењето регионот да биде во фокусот на проширувањето на НАТО и се бара поддршка од земјите-членки на претстојниот Самит во Чикаго за покана на Република Македонија за членство во НАТО и започнување на пристапните преговори со ЕУ.