1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ВМРО-ДПМНЕ не ги прифаќа „условувањата“ на СДСМ

АТ/ макфакс/ миа13 јануари 2013

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува СДСМ и нивните коалициони партнери да се вратат со свое учество во институционалните рамки на делување и низ дијалог во Собранието заеднички да се бараат решенија за сите предизвици на државата.

https://p.dw.com/p/17J9b
Фотографија: Petar Stojanovski

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ на својата редовна седница на Извршниот комитет донесе заклучок во врска со, како што се вели, упатените условувања од страна на опозиционата СДСМ и нивните коалициони партнери и актуелната состојба во Република Македонија.

„Само низ институционален дијалог во Собранието ќе можеме да придонесеме заеднички кон градење на доверба и подобри општествени и социјални услови и параметри за нашите граѓани. Тоа е нашата одговорност. Само со дијалог и дискусија за сите предизвици и отворени прашања и градење на конструктивна политичка клима, со цврсти и принципиелни позиции за заедничките ставови по важни и стратешки прашања, ќе се создадат поволни моменти во нашиот евроатлантски интегративен процес, што е стратешки приоритет на нашата држава“, се вели во заклучокот на ВМРО-ДПМНЕ.

Од соопштението може да се констатира дека владејачката партија нема намера да распише предвремени парламентарни избори, туку да продолжи да ја реализира програмата ветена пред последните парламентарни избори.

„Република Македонија пред една и половина година одржа предвремени избори по барање на опозицијата. Тие избори беа изведени во целосна фер и демократска атмосфера, што впрочем беше и потврдено од целата меѓународна заедница, која честиташе на тие избори, се потврди со извештајот и препораката на Европската комисија, но се потврди и од страна на опозицијата и нивниот лидер Црвенковски, кои исто така честитаа на нашата победа“, се вели во соопштението што владејачката партија го објави денеска (13.01). Притоа се потсетува дека Република Македонија во само шест години веќе три пати одржа парламентарни избори.

Wahlen in Mazedonien
Фотографија: MIA

„Ние и понатаму ќе продолжиме да работиме на програмата која ја имаме ветено пред граѓаните на последните избори и за која тие гласаа, и понатаму ќе останеме фокусирани на подобрување на економската состојба на државата, справување со ефектите од европската должничка криза, реформи во клучните сфери, поддршка на здравството, образованието, земјоделието, пензионерите, социјалните случаи, невработените, привлекување на странски инвестиции, како и со реформи за приближување на нашата држава кон НАТО и ЕУ“, се вели во соопштението.

Во врска со претстојните локални избори, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека инсистираат на засилен меѓународен мониторинг, со цел потврда на своите принципиелни позиции. Воедно се поздравува и изјавата на американската амбасада, но и на останатите меѓународни фактори за најавен мониторинг од нивна страна на овие локални избори.

Mazedonien Zwischenfall im Parlament von Skopje
По случувањата од 24.декември 2012. во Собранието, опозицијата не учествува во работата на Законодавниот домФотографија: MAKFAX

„ВМРО-ДПМНЕ, како и во целото свое делување до сега, се залага за одржување на редовни, фер и демократски локални избори, во согласност со меѓународните стандарди и вградените препораки на ОБСЕ и ОДИХР, а со целосно прочистен избирачки список согласно меѓународните норми и правила“, стои во соопштението.