1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ВМРО ДПМНЕ: Црвенковски сака да го покрие настапот на СДСМ

АМ/макфакс/миа6 октомври 2012

По вчерашниот исклучително слаб, блед и збунет настап на пратеничката група на СДСМ во Собранието, денешната прес конференција на Бранко Црвенковски е со цел да се покрие лошиот впечаток во јавноста, реагира ВМРО ДПМНЕ.

https://p.dw.com/p/16LgI
Партиското седиште на ВМРО ДПМНЕ во СкопјеФотографија: Petar Stojanovski

„За жал Бранко Црвенковски денеска го повтори истиот говор што Јани Макрадули вчера го говореше во Собранието. Оваа фарса со удирање во гради за јакнење на сопственото членство, кое веќе ни на митинзи не им доаѓа и со гласно повикување “ајде на избори”, мора да престане. На граѓаните им е преку глава од ваквите празни зборови, граѓаните очекуваат конкретни проекти и мерки со кои што државата треба да се справува со последиците од Светската економска криза и со кои треба да се остваруваат интересите на граѓаните“, се вели во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ.

Во реакцијата се забележува дека причина за денешната прес-конференција на лидерот на опозициската СДСМ е да се покрие лошиот впечаток во јавноста за партијата по, како што се наведува, „вчерашниот исклучително слаб, блед и збунет настап на пратеничката група на СДСМ во Собранието“.

„Овие ситни трикови за тоа кој ќе испадне мангуп ви ги оставаме вам, бидејќи само тоа знаете да го зборувате и не знаете да говорите ниту за проекти, ниту за мерки и конкретни активности“, се вели во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ, во која и се додава дека оваа партија нема намера да биде партнер во една, како што е наведено, „празна дискусија што СДСМ се обидува да ја наметне во Македонија“.