1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Внукот на Садам Хусеин бара азил во Австрија

ЕМФ/дпа/дапд22 јуни 2012

Австриската полиција денеска уапси лице за кое се претпоставува дека е внук на поранешниот ирачки диктатор Садам Хусеин.

https://p.dw.com/p/15JhU
Фотографија: AP GraphicsBank/Wolf Broszies

Башар Н. е уапсен при рутинска контрола во Трајскирхен, на околу 20 километри јужно од Виена, поради тоа што немал пасош. Австриските медиуми јавуваат дека тој поднесол веднаш барање за азил. Според портпарол на полицијата, идентитетот на лицето бил проверен преку споредба на отпечатоци на прсти со листата на бараи лица од Ирак.

Според ваквата листа, по лицето се трага од 2006 година, односно од годината кога беше погубен екс-диктаторот на Ирак, Садам Хусеин. Четириесетидвегодишникот бил контролиран заедно со уште двајца други Ирачани. Трите лица, како што јавуваат медиумите, на полицијата и‘ рекле дека во Австрија дошле преку Истанбул со авион и лажни пасоши. Потоа криумчарите им ги зеле пасошите.

Австриските власти сега проверуваат дали се тие надлежни за одговор на барањето за азил.