1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Воена акција еднаkво на изолација

24 октомври 2007

Турција во моментов се наоѓа меѓу мелнични камења: врие анти-ПКК расположението, меѓутоа влегувањето во северен Ирак дипломатски би ја изолирало Турција. А, воено, проблемот со ПКК ионака не може да се реши.

https://p.dw.com/p/Bw30
На турско-ирачката граница веќе се стационирани 100 илјади војнициФотографија: AP

„Војниците се уште живеат во нас„, скандираше масата за време на погребот на 12-те турски војници што загинаа на викендот по нападите на ПКК. Но, извикуваа и дека земјата не може да се дели. Засега владата се однесува воздржано кога станува збор за влегување во северен Ирак, меѓутоа премиерот Реџеп Таип Ердоан сепак го заострува тонот:

„Нашето трпение е на крај. Турција е решена да го искористи правото на самоодбрана во борбата против тероризмот и тоа во големи размери„.

Ердоан ова го изјави во понеделникот вечер при посетата на Оксфорд. Неговата влада е под силен притисок на јавноста: со денови илјадници демонстрираат во сите региони на земјата против ПКК, а се опустошени и некои од бироата на курдската партија ДТП. Стотици Турци доброволно се јавуваат во армијата, меѓу нив и многу девојки, како и постари, на пример овој татко:

О-Тон НН

„Во армијата служев пред 20 години. Сега одново се пријавувам. Моите два сина се во армијата, но и јас сум подготвен да го жртвувам животот за оваа земја„.

Планираниот концерт на Бјонсе за сабота на стадионот на Фенербахче во Истанбул нема да се одржи, поради респект кон загинатите, како што се вели. Малку кој Турчин деновиве не зборува отворено за влегување во северен Ирак. Весниците јавуваат дека армијата во меѓувреме во пограничниот појас концентрирала 100 илјади војска.

Меѓутоа, Турција има проблем: воена акција во Северен Ирак меѓународно ќе ја изолира земјата, а за многумина Турци се поставува и прашањето дали ПКК може воено да се совлада. Засега владата и натаму предност и дава на дипломатијата. Премиерот Ердоан пред се пред очи ги има Американците:

„Нашите разговори со САД продолжуваат. Мислам дека се наоѓаме во фаза на соработка„.

САД му се потребни на Ердоан. Само Американците имаат доволно влијание врз автономната влада во сверен Ирак каде што се засолнува ПКК. Само Американците можат да спречат оружјето што им го испорачуваат на северно-ирачките Курди, делумно да не се најде кај ПКК. Многу факти зборуваат за тоа дека пред 5 ноември нема да има воена акција во северен Ирак. Тогаш во Вашингтон Ердоан има средба со американскиот претседател Џорџ Буш. Според еден извештај во весникот „Чикаго трибјун„ американската влада дури и самата размислува за воздушен напад врз позициите на ПКК, што би било помалку ризично, отколку турската армија да ја мине границата.