1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Воена офанзива против режимот на Гадафи

19 март 2011

Меѓународната заедница ги испрати првите воени авиони во Либија. Вечерва (19.03.11) американски воен брод бомбардираше цели во Либија. Во интервенцијата учествува и Велика Британија. Се очекуваат натамошни напади.

https://p.dw.com/p/10cmz
Борбени авиони над либиското небоФотографија: AP

Меѓународната заедница денеска започна воена офанзива против режимот на либискиот властодржец Мoамер ел Гадафи. Офанзивата ја започнаа француските воени ловци кои бомбардираа цели во Либија и притоа уништија неколку оклопни и едно воено возило. По воздушните напади на француските воени авиони, британскиот премиер Дејвид Камерон соопшти дека борбени авиони на британската авијација учествуваат во интервенцијата во Либија. Според извори од Пентагон пак, од британските и американските бродови и подморници биле испукани 112 ракети врз либиско тло. Притоа биле погодени 20 цели. Портпарол на американската војска изјави дека било стрелано врз позиции на либиската воздушна одбрана во близина на главниот град Триполи како и по должината на либискиот брег, јужно од градот Бенгази. Нападот ќе биде изведен во повеќе фази, соопшти портпаролот.

Militäreinsatz in Libyen hat begonnen Britische Air-Force-Flugzeuge landen in Zypern NO FLASH
Британски воздухопловни единициФотографија: dapd

Американскиот претседател Барак Обама, кој се наоѓа во посета на Бразил го потврди нападот. САД започнаа „ограничена воена акција“ изјави Обама и дополни дека е свесен за ризиците на кои се изложува армијата. Постојаните напади на либискиот властодржец Мoамер ел Гадафи врз неговиот народ, меѓутоа не им оставија друг избор на САД и партнерите, смета претседателот. Истовремено Обама потврди дека САД нема да испратат копнени трупи во Либија. Мерките се неопходни изјави пак британскиот премиер Дејвид Камерон.

Либиската телевизија во меѓувреме соопшти дека во воздушните напади врз Триполи биле погодени и населени места. Оваа информација не е потврдена од независни извори.

Вонредна средба во Париз

Präsident Nicolas Sarkozy Libyen-Sondergipfel Elysee-Palast Paris Uno-Einsatz gegen Libyen Flash-Galerien
Средба на лидерите во ПаризФотографија: dapd

Претходно, високи претставници на меѓународната заедница на состанокот во Париз одлучија да почнат воена офанзива против трупите на либискиот диктатор Моамер Гадафи, со цел да го заштитат цивилното население и востаниците во Бенгази. На арапскиот народ му е потребна помош и наша одговорност е да му ја пружиме - истакна попладнево францускиот претседател Никола Саркози, по кризната средба на меѓународната заедница во Париз. Тој го предупреди Гадафи да се придржува до барањата на ОН, со цел да се спречи „најлошото“.

Автор: АТ/ дапд/ дпа/ дв

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи