1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Воена реторика на Корејскиот полуостров

26 мај 2010

Американската министерка за надворешни работи Хилари Клинтон допатува на разговори во Сеул по заострувањето на односите меѓу Севернa и Јужна Кореја. Клинтон со порака до Пјонгјанг-да прекине со провокации.

https://p.dw.com/p/NX8p
Истрагата за потопениот брод ја водеше независна комисијаФотографија: AP

Министерката за надворешни работи на САД, Хилари Клинтон допатува во главниот град на Јужна Кореја на разговори со јужнокорејскто раководство по затегнувањето на односите со Северна Кореја, поради инцидентото во Жолтото море.

„Правиме се’ за да спречиме ескалација, да ги избегнеме овие провокации. Ова е критична ситуација за која е одговорна Северна Кореја“, истакна Клинтон.

САД и Јапонија веќе и` ветија на владата во Сеул целосна поддршка. А шефицата на американската дипломатија претходно беше во дводневна посета на Кина, каде од владата во Пекинг побара построг однос кон Северна Кореја.

Претседателот на Јужна Кореја Ли Мјунг Бак претходни во телевизиско обраќање побара извинување од Северна Кореја:

„Постојано ја проголтувавме бруталноста на Северна Кореја, бидејќи копнееме по мир на Кореjскиот полуостров. Но, сега е поинаку. Северна Кореја мора да ја плати цената за провокациите.“

Меѓународна истражна комисијата мината недела дојде до заклучок дека сите информации укажуваат, дека торпедо на севернокорејската морнарица го предизвикало потопувањето на јужнокорејскиот воен брод „Чеонан“ на 26 март во Жолтото море. Во несреќата животот го загубија 46 лица.

Северна Кореја негира одговорност

Комунистичкото реководство на Пјонгјанг отфрли секаква вина и се закани со војна. Според информации на севернокорејски дисиденти, властодржецот Ким Јонг Ил веќе ги ставил воените трупи во највиоск степен на готовност. Вчера Северна Кореја се закани дека ќе ги прекине сите контатки со Јужна Кореја.

USA China Treffen in Peking Flash-Galerie
Хилари Клинтон: предупредувања до Северна КорејаФотографија: AP

Наспроти ова, владата на Јужна Кореја по шест години прекин повторно почна да емитува пропагандна програма. Од понеделникот вечерта во правец на Северна Кореја се емитува радиопрограмата „Гласот на слободата“, која содржи западна музика, вести и споредба меѓу економската и политичката положба на Северна и Јужна Кореја. Наредните недели, на строго чуваната граница би требало да бидат инсталирани звучници и електрични рекламни табли за пропаганда. Севернокорејските трупи, пак, веќе најавија дека ќе пукаат во сите пропагандни инструменти во демилитаризираната зона. Портпарол на претседателскиот кабинет во Сеул во меѓувреме изјави дека владата на Јужна Кореја размислува дали за Северна Кореја повторно да го воведе терминот „Главен непријател на земјата“. Јужна Кореја како дел од мерките против Северна Кореја во понеделникот најави и стопирање на трговската размена. Исто така во случајот со потопувањето на бродот сака да го вклучи и Советот за безбедност на ОН. Освен ова, Јужна Кореја и САД планираат поморски маневри. Северна Кореја, пак, редовно го покачува степенот на подготвеност на војската, кога војските на САД и Јужна Кореја изведуваат воени вежби.

Инаку Северна и Јужна Кореја формално се’ уште се во војна, затоа што корејската војна од 1950 до 1953 заврши со договор за положување на оружјето, но не и со мировен договор.

Автор: АТ/ТТ/ дпа/дв

Редактор: Жана Ацеска