1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Воздржан оптимизам врз реакциите на Иран

7 јуни 2006

Иранската реакција на најновата понуда за преговори главно позитивно е примена на Запад. Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер изрази претпазлив оптимизам, подеднакво како и американскиот претседател Џорџ Буш:

https://p.dw.com/p/Ac60
Можеби ќе треба повторно да патува за Техеран:Солана со Лариџани
Можеби ќе треба повторно да патува за Техеран:Солана со ЛариџаниФотографија: AP

Германскиот шеф на дипломатијата Франк Валтер Штајнамјер во интервју за втората програма на германската телевизија меѓу другото изјави:

„Како што знаете, со недели, ако не и месеци, бевме во ситуација во која немаше никакви разговори. Сега за среќа, сме во ситуација да водиме меѓусебни преговори и тоа, според мене, е успешна претпоставка каква што ни беше потребна. Сега треба да се постигне состојба во која преку преговори ќе се стигне до доверба што очигледно ја немаше со години„.

На прашањето што содржи понудата на Европејците до Иран, Штајнмајер рече:

„Хавиер Солана вчера со жалење им изјави на новинарите дека кога станува збор за содржината на пакетот, мора да остане скуден и мислам дека тоа е добар став. Сега треба да направиме напор со Иранците да постигнеме мирна преговарчка атмосфера. Она што можам да го кажам е дека станува збор за широк пакет за соработка во стопанството, науката, културата и политиката. Не е тајна и тоа дека пакетот содржи елементи на соработка и на нуклеарен план. Што се однесува до иранскиот одговор, сигурно не сметаме дека тоа ќе се случи за неколку часа. Веројатно ќе биде потребен уште еден разговоор со Солана за да се расчистат дополнителните прашања„.

Американскиот претседател Џорџ Буш ја поздрави реакцијата од Иран врз понудата од Запад:

„Мене ми звучи како позитивен одговор„, изјави Буш на маргините на неговата посета на Тексас. Сега треба да се причека дали Иранците ќе ја прифатат понудата на Вашингтон. Техеран мора да реши, изјави Буш:

„Ќе видиме дали Иранците ќе ја примат сериозно нашата понуда. Тие треба да го направат изборот„. Сепак, Буш остана претпазлив:

„Јас реков дека САД ќе седнат на маса со нив„, по што следуваше ограничување: тоа важи само ако Иранците го запрат збогатувањето на ураниумот што ќе може да биде и докажано, а на што Техеран досега не беше подготвен.