1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Воздушни напади во Алепо-воздушен мост за Камишли

СН/бг/афп/дпа/мф/ртр16 декември 2013

Во воздушни напади на сириските сили врз градот Алепо загинале најмалку 76 лица. Од другастрана ОН по воздушен пат за првпат доставија хуманитарна помош за курдскиот регион во Сирија со хуманитарна помош по воздушен пат

https://p.dw.com/p/1AaHL
Фотографија: Reuters

Меѓу 76-те загинати во бомбардирањето на вториот по големина град во Сирија, се наоѓаат и 28 деца и четири жени соопшти опозицискиот Сириски центар за набљудување на почитувањето на човековите права со седиште во Лондон.

Алепо веќе година и половина е поделен меѓи трупите лојални на претседателот Башар ал Асад и различни бунтовнички групи, и во градот постојано се водат жестоки борби.

„ Денеска не паѓаше снег, туку бомби фрлени од хеликоптери и авиони, кои паднаа во населбите Хајдарија, Ард ал Хамра и Сахур, изјави директорот на Центарот во Лондон, Рами Абдел Рахман.

Нападите уследија само еден ден откако сирискиот Црвен крст достави храна и лекови во централниот затвор во Алепо, што веќе осум месеци е опколен од бунтовниците.

На почетокот на минатата недела Владата на сирискиот претседател Башар ел Асад прогласи амнестија на сите затвореници, поради лошите хуманитарни и санитарни услови.

Во меѓувреме, најмалку 32 цивили припадници на верските малцинства биле убиени во Адра, во близина на Дамаск, откако исламистичките бунтовници во средата го нападнаа градот со цел да ја преземат контролата врз главниот приод кон него. Меѓу жртвите има четири жени. Убиени се алавити, шиити и друзи, наведува Центарот.

По повеќедневни одложувања пак Органиацијата на Обединетите нации стартуваше со т.н воздушен мост за бегалците од граѓанската војна во курдскиот регион во Сирија. Авион со разни прехранбени производи веќе пристигна во местото Камишли , соопшти Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР). Луѓето во неприодниот регионт на североистокот на Сирија страдаат од екстремно острата зима. Целта на воздушниот мост е со прехранбени производи и лекови за еден месец да бидат снабдени 30 илјади жртви на граѓанската војна.