1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вонредна парламентарна седница за „А1“ и „Перо Наков“

31 јануари 2011

Опозицискиот блок во парламентот од денеска (31.01) го започна бојкотот не прифаќајки ја понудата за координација. Спикерот Трајко Вељаноски за утре свика вонредна парламентарна седница со расправа за состојбите со ТВ А1

https://p.dw.com/p/Qx2G
Трајко Вељаноски за денеска закажа координација на која не дојде опозицијатаФотографија: DW/MIA

Првиот парламентарец Трајко Вељаноски, кој негира дека има политичка криза, навести и попладневна редовна седница со концентрација на предлогот за легализација на дивоградбите во земјата.

Собранието денеска празно, без пратениците од СДСМ, Нова Демократија и НСДП. Откажани се и комисиските дебати.

Пратеничкатат група на СДСМ ја одби понудата и воопшто „нема намера да учествува на собраниските седници кои претставуваат евтин трик да се глуми демократија и замачкува суровата реалност“, се вели во писмена реакција на СДСМ и се додава дека „Никола Груевски сака целосен мрак и медиумски молк во кој ќе царува со лаги“.

Предвремени избори?

SDSM Gebäude in Mazedonien
СДСМ нема намера да учествува на собраниските седнициФотографија: Petar Stojanovski

Не е исклучено владеачката партија да се реши на вонредни парламентарни избори до почетокот на летото, иако во декември ја отфрли таквата иницијатива на социјалдемократите.

„Не исклучувам дека оваа криза ќе заврши со вонредни парламентарни избори“, кажа за ДВ Павле Трајанов, лидер на Демократски сојуз, пратеник од владеачката коалиција.

Вељаноски денеска рече дека ако добие иницијатива за вонредни избори таа веднаш ќе биде пред пратениците.

Да се обезбедат услови за работа на парламентот

Се одвиваат и интензивни консултации меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, од каде инсистираат на враќање на опозицијата, иако за легитимно го сметаат правото на бојкот, што и интегративците го применуваа во 2004 година.

„Ова најрадикално политички средство треба да се користи само во исклучителни случаи кога не се почитуваат или не се решаваат најсуштинските работи во државата“, кажа Тахир Хани од ДУИ.

Единствена опозиција во парламентот се 4 пратеници од ЛДП. Андреј Жерновски денеска повика „спикерот Вељаноски да обезбеди услови за регуларна работа на Собранието“:

„Го повикуваме Вељаноски да направи се што може за да ги повика назад политичките партии. Се согласувам дека главниот проблем е кај Владата и тој треба да се конслутира со својот партиски шеф, бидејќи така функционира. Во спротивно, ЛДП смета дека единствен институционален излез од политичката криза е распишување на предвремени парламентарни избори“, изјави Жерновски (ЛДП), додавајќи:

„ЛДП ги бојкотираше изборите во 2004 година. Тогаш Владата на Бранко Црвенковски сама раководеше четири години со Собранието и се случија низа злоупотреби. Да потсетам тогаш беше и онаа фамозна приватизација. Бојкотиравме и во 2008 година кога ВМРО – ДПМНЕ донесе над 150 закони во Собранието меѓу кои и Деловникот за работата на Собранието и затоа ние повикуваме да се вратат политичките партии, но се разбира Владата да создаде соодветни услови.“

Автор: Александар Чомовски/миа

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска