1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вонредна состојба во Малезија

Александар Методијев/ројтерс/афп23 јуни 2013

Малезија денеска прогласи вонредна состојба во два дела во јужната сојузна држава Џохор, откако чадот од пожарите во Индонезија ја зголемија загаденоста на воздухот над ниво кое се смета за опасно.

https://p.dw.com/p/18ugB
Фотографија: Getty Images/Afp/Str

Нелегалното палење на шуми и делови од земјиштето на индонезискиот остров Суматра, кој е на запад од полуостровот на кој се наоѓаат Малезија и Сингапур, го предизвика загадувањето на воздухот. Палењето на земјиштето се прави за да се создаде чист простор за плантажи за производство на палмино масло. Ова претставува хроничен проблем за време на сушната сезона од јуни до септември.

Малезиските власти прогласија вонредна состојба по барање на премиерот, бидејќи индексот на загаденост на воздухот во двете провинции – Муар и Леданг, се искачил на 750, а индексот над 300 означува загаденост во воздухот која е опасна.

Поради прогласувањето на вонредната состојба ќе бидат затворени 211 училишта, а на населението му е советувано да остане дома. Во меѓувреме се дистрибуирани маски за заштита од смогот.

Smog Singapore
Смог има и во СингапурФотографија: picture-alliance/AP/Joseph Nair

Загадувањето на воздухот во Малезија достигна рекордно ниво во последниве 16 години. Ветровите кои дуваат од запад во летниот период го пренесуваат чадот од соседниот остров на кој се палат пространи шумски површини. Владата објави дека ќе се обиде да создаде вештачки дожд со ндеж дека тој ќе помогне да се намали загаденоста на воздухот.