1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вооружени чувари за американските училишта?

АТ/ дапд/ дпа/ афп22 декември 2012

Американското лоби за оружје без сомнение е под притисок по масакрот во училиштето во Њутаун. Нивниот официјален став дека е потребно не помалку, туку повеќе оружје, предизвика нови негодувања.

https://p.dw.com/p/177uq
Фотографија: picture-alliance/dpa

По една недела тактирање, моќното американско лоби за оружје излезе пред очите на јавноста: пред новинарите во Вашингтон раководителот на асоцијацијата „National Rifle Association“ (NRA), Вејн ЛаПјер побара вооружена заштита за училиштата насекаде во земјата. Само на тој начин можат да се сопрат убијците, беше неговиот заклучок по масакрот во Њутаун со 26 жртви. Полицајци или чувари со огнено оружје треба да бидат позиционирани на горливите точки, гласи сратегијата на оваа организација.

„Единственото што може да сопре лош тип со оружје е добар тип со оружје“, изјави ЛаПјер. Асоцијацијата била подготвена да пружи помош во соодветни програми за тренинг за заштита на училишните деца. Тој се изјасни против построгите закони за стекнување на огнено оружје во САД. Вакви закони нема да донесат ништо. Мора да престане „демонизирањето на оружјето“.

National Rifle Association Wayne LaPierre
Вејн ЛаПјерФотографија: AP

При јавниот настап, на кој новинарите не смееја да поставуваат прашања, се случи инцидент. Еден маж пред него држеше транспарент со зборовите: „Асоцијацијата ги убива нашите деца“. Другите демонстранти извикуваа „Лобито за оружје има крв на рацете... запрете го сега продавањето на јуришно оружје“.

Обама на страната на противниците

Во својата видеопорака до граѓаните претседателот Барак Обама  ги повика да му помогнат и ги информираше дека голем број од нив ја поддржуваат иницијативата за зајакнување на законите за поседување на оружје. На лицата кои ја имаат потпишано интернет петицијата претседателот им порача: „Ве слушаме“. Тој истовремено ги повика да се обратат до нивните претставници во конгресот и јасно да заземат позиција. Обама го охрабрува и тоа што многумина кои поседуваат оружје сметаат дека би можеле да се преземат чекори кои ги зачувуваат правата на Американците и ги штитат нивните деца.

USA Obama Erklärung zum Waffenrecht
Барак ОбамаФотографија: Getty Images

26 удари од камбаните за жртвите од масакрот

Една недела по масакрот во училиштето Сенди Хук во Њутаун во државата Конетикат, луѓето од градот и граѓаните на САД на многу места во земјата им одадоа почит на жртвите.

Во Њутаун, во 9.30 часот по локално време камбаните во спор такт удираа 26 пати, по еднаш за секоја жртва, а знамињата се вееја на половина копје. Во исто време, пред една недела 20 годишно момче насилно влезе во основното училиште Сенди Хук и застрела шест жени и 20 деца. Најстарите деца беа на возраст од седум години. Убиецот кој претходно ја уби и својата мајка се застрела по масакрот.