1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Атина денеска средба Пангалос- Арифи

25 јануари 2012

Заменик претседателката на македонската влада задолжена за европски прашања Теута Арифи денеска во Атина треба да оддржи разговори со грчкиот вицепремиер Теодорос Пангалос.

https://p.dw.com/p/13pNF
Арифи ја иницираше средбата со Пангалос во септември минатата годинаФотографија: DW

Средбата меѓу вицепремиерите на Македонија и на Грција, првично најавена за декември, еднаш беше одложена од грчка страна, со барање за дополнително време за нејзина подготовка.

Der ehemaligen Grieschischen Aussenminister Theodoros Pangalos
Средбата меѓу Пангалос и Арифи ќе биде прв официјален контакт меѓу претставници од двете земји по формирањето на привремената грчка владаФотографија: Toni Glamcevski

Вицепремиерката Арифи ја иницираше средбата во писмо испратено до Пангалос на 1-ви септември минатата година. Во писмото до грчкиот вицепремиер, како што тогаш информираше Арифи, се содржани идеи за соработка, во функција на балкански регион без предрасуди, ориентиран кон европска иднина.

Се очекува Арифи и Пангалос да разговараат за билатералните односи, како и за очекувањата на Македонија за деблокирање на нејзината интерграција во НАТО и ЕУ, по пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

Средбата на Арифи со нејзиниот грчки колега ќе биде прв официјален контакт меѓу владини претставници на двете земји по формирањето на привремената влада на национално единство на Грција.

Автор: СН/ АМ/ миа/ макфакс

Редактор: А. Трајковска