1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во борба за странски студенти

Наоми Конрад/ Симе Недевски28 април 2013

Германските универзитети сакаат да донесат повеќе странски студенти во земјата. За тоа мора да ги подобрат нивните згрижувачки капацитети, зашто и други држави жестоко се борат за најдобрите таленти.

https://p.dw.com/p/18Gv6
Фотографија: picture-alliance/dpa

На Германија и‘ недостасува специјализирана работна сила: инженери, компјутерски стручњаци, но често и негуватели. Затоа Германската служба за академска размена (ДААД) планира во земјата да привлече што е можно повеќе странски студенти, кои подоцна би можеле како стручна работна сила да останат во Германија. Конкретните планови гласат: ДААД планира до 2020 година да го зголеми бројот на странски студенти на 350.000 што е за 100.000 повеќе отколку денес. Службата, која меѓу другото е финансирана од германското министерство за надворешни работи и од министерството за образование, им дава стипендии на Германците кои сакаат да студираат во странство, но и на странците кои сакаат да се образуваат во Германија. ДААД во 2012 година доделила стипендии за 45.220 странци и за 30.100 Германци.

Се’ уште не е познато дали службата за студентска размена од своите донатори ќе добие повеќе пари. Маргарет Винтермантел, шефицата на ДААД,вели дека треба да се водат разговори со сите страни. ДААД истовремено сака да испрати во странство повеќе германски студенти. Меѓутоа, тоа би можело да биде скапо бидејќи се’ повеќе Германци се одлучуваат за студирање. Причината е комбинацијата на скратено школување и генерациите со голем број деца.

Како да се олесни студирањето?

За привлекување на странски студенти е важно да се укинат повеќе клучни бариери. Потребно е да се направи поголема понуда на курсеви на англиски јазик. Исто така е потребно дополнително да се работи на полесни уписи за странски студенти или на признавање на странските дипломи. Признавањата на европски квалификации од воведувањето на Бечелор и Мастер дипломите поминуваат главно без проблеми.

Меѓутоа, при признавањето на дипломи стекнати во земјите кои не се во Европа доаѓа до компликации. Така може да се случи магистерската диплома стекната на универзитет во Пакистан или во Авганистан да не биде призната во Германија и тие лица повторно да треба да студираат. Винтермантел исто така кажува оти студентите од странство често не се добредојдени на универзитетите во Германија и оти би требало да се чувствуваат подобро згрижени. Тоа бара подобра „култура на добредојде“ на германските универзитети.

Ausländische Studenten in Deutschland Universität Aussicht auf bessere Bildungschancen
Фотографија: picture alliance/dpa

Потребна е поголема соработка со универзитетите во странство

ДААД исто така сака да ја зголеми соработката со виските школски установи во странство, како што веќе постои со универзитетите во Казахстан или во Египет. Исто така, би требало да се подобрат предавањата на германски јазик на универзитетите во странство бидејќи конкуренцијата во образованието на меѓународната елита е се’ посилна. Државите како што се Бразил, Кореја или Индија во универзитетите инвестираат големи суми пари. „За да ја одржат својата конкурентност германските универзитети, мораат да се погрижат да имаат отворена врата“, истакнува Винтермантел.

Германија заедно со Австралија и Франција е петта можеби и четврта најпопуларна земја за странските студенти. Веднаш зад САД и Велика Британија. Германија не сака да се откаже од студентите. Тие не се само нова потенцијална стручна работна сила. Тие носат нови идеи и пристапи во истражувањата на универзитетите.