1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Брисел нова рунда преговори меѓу Белград и Приштина

20 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/CKWy

Во Брисел денеска се одржува нова петта рунда преговори меѓу Белград и Приштина за статусот на Косово под посредништво на Тројката. Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана изјави дека се надева оти

ќе се постигне некаков напредок и покрај најавите на победникот на косовските избоди Тачи дека веднаш по крајниот рок 10 декември ќе прогласи независност. Според ЕУ денешниот состанок ќе се води врз основа на 14 точки предложени од Тројката како и други предлози од преговарачките тимови. Советот на министри на ЕУ вчера ги повика двете страни да покажат поголема „флексибилност и позитивно и конструктивно да одговорат на иницијативите на Тројката“.