1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Виена состанок за иранската атомска програма

6 март 2006

Меѓународната служба за атомска енергија,ИАЕА денеска започнува повеќедневни советувања меѓу другото и околу спорната иранска атомска програма.Советот на гувернерите,највисокото тело на оваа организација,треба да реши дали и кога со случајот ќе се зафати Советот за безбедност на ОН.

https://p.dw.com/p/Ac8P
Иранска нуклеарна централа во Исфахан
Иранска нуклеарна централа во ИсфаханФотографија: AP

Основа за дискусија во врска со иранската атомска програма е минатата недела објавениот извештај на шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија Мохамед ел Барадеи,во кој сосема јасно се вели:Иран соработува со инспекторите,но недоволно.Така и трите години интензивна контрола,сеуште не се зане дали Иран својата атомска програма ја користи исклучиво во мировни цели.

На последната седница на почетокот на февруари Гувернерскиот совет на Агенцијата реши извештајот да му го достави на Советот за безбедност на ОН ,но со молба од Барадеи да не се презема ништо и да се исчека заседанието што започнува денеска:

-Овие четири недели се еден подотворен прозорец и шанса за Иран да продолжи да соработува и да ги разјасни отворените прашања.

А нив ги има и натаму:инспекторите на пример нашле траги од збогатен ураниум,што не требаше да го има.Објаснението од Техеран,овие траги се дојдени со деловите испорачани од Пакистан ,што за Меѓународната агенција за атомска енергија не држи.

Останува отворено прашањето зошто Иран планира изградба на центрифуги во обем кој ја надминува потребата што ја предвидува производството на електрична енергија.И уште нешто:пронајден е документ од 15 страници кој содржи технички детали за производство на атомска бомба.Иранската влада овие документи ги добила на црниот пазар на податоци.

Иако постои уверување дека дека плановите не се започнати да се користат,кај западот расте стравот дека Иран тајно работи на производство на нуклерано оружје.Страв кој американскиот амбасадор Грег Шулте го критикуваше на последната седница на Меѓународната агенција за атомска енергија:

-Владата во Техеран треба да го слушне светот наместо да се заканува.Освен тоа,земјата треба да направи се за да ја стекне повторно довербата.

Од аспектот на западот тоа значи пред се едно-итно запирање на збогатувањето ураниум на тлото на Иран.Тоа не доаѓа во прашање,изјави иранскиот претставник во преговорите Али Лариџани вчера по којзнае кој пат.Иранската влада нема да попушти иако вели дека е заинтересирана за дипломатско решение.

Гувернерите на Меѓународната агенција за атомска енергија ќе дискутираат за ова,но конечната одлука би ја донесол Советот за безбедност на ОН.