1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Германија се заработува премалку

Сабине Кинкарц / Елизабета Милошевска Фиданоска27 ноември 2012

За многумина е можеби изненадување - во дел од земјите на еврозоната работниците заработуваат премногу, во Германија - премалку. До вакви заклучоци стигнаа истражувачите на фондацијата „Ханс Беклер“.

https://p.dw.com/p/16qUJ
Фотографија: Fotolia/Klaus Eppele

Кој сака да заработи што е можно повеќе во ЕУ, треба да оди во Белгија, Шведска, Данска, Франција или Луксембург. Таму во индустријата, но пред се‘ во секторот на услужни дејности се плаќа многу повеќе отколку во Германија. Трошоците на работа, кои се состојат од брутоплатата и придонесите, значи уделот на работодавачот за социјално осигурување, како и за додатоците за одмор и за Божик, изнесуваат просечно по 30,10 евра по работен час.

Во Белгија тие се на висина од 39,39 евра, а веднаш зад нејзе се скандинавските земји. Германија на ранг листата на 27-те земји на ЕУ е на седмо место. Мерено според продуктивноста, германските плати би морале да бидат повисоки за околу 16 проценти, оценува Густав Хорн, директор на Институтот за макроекономија и истражување на конјуктурата (ИМК), кој е во рамки на фондацијата Ханс Беклер.

Неговата агрументација гласи - во рамки на монетарната унија една земја може да биде оценета повисоко или пониско. Таму земјите мора да се држат до поинакви правила за да ја задржат стабилноста на целата економска конструкција, објаснува Хорн. Едно од тие правила за економистите е балансот меѓу трошоците за придонеси на плати и продуктивноста.

Од почетокот на монетарната унија трошоците на работа и со тоа и придонесите на плати во Германија, во споредба со развојот на продуктивноста, растеа многу малку. Тоа, од една страна , ја забави внатрешната потрошувачка и им нанесе штети на социјалните системи, но, од друга страна, Германија на тој начин го зголеми прилично плусот во билансите на постигнување, што пак се отсликува во минусите на билансите на постигнување на нејзините трговски партнери.

Symbolbild Eurozone Krise
Во монетарната унија секој ги зголемува платите различно - Германија тоа го прави премалкуФотографија: picture alliance/dpa

Воздржаност во зголемување на платите е штетна

„Монетарната унија е всушност договор на земјите членки да следат заедничка инфлаторна цел. Тоа во еврозоната се околу два процента пораст на цените. Тоа, се разбира, влијае и врз просторот којшто стои на располагање за зголемување на платите“, вели Хорн.

Од почетоците на монетарната унија, значи, платите смееле да пораснат во просек за два процента. Во земјите во криза, меѓутоа, тие растеа делумно многу повеќе, додека во Германија   помалку. Тоа има фатални последици по вкупната конкурентност, оценува Хорн. Конкурентноста на земјите во криза значително е намалена, додека Германија стана пресилна во заедницата.

Две страни на еден медал

Директорот на ИМК Густав Хорн, нагласува: „Ниски плати значат ниски приходи, односно значат ниска побарувачка, а тоа значи мало вработување. Имаме контраефекти и затоа мора да се најде оптимално решение. Тоа, во дадените услови и со зададедната инфлаторна цел, значи дека платите во Германија би требало номинално просечно да се зголемуваат за три до трипол проценти.“

Flash-Galerie Symbolbild Slowakei Euro Euro-Rettungsschirm
Фотографија: picture-alliance/dpa

Тоа по долг период првпат се случи во 2011 година. За годинава и за наредната година ИМК смета со зголемување на платите од максимум 2,5 до 2,6 проценти. На тој начин не може да се затвори јазот во билансите на постигнување на евро-земјите, сметаат во институтот ИМК, кој е близок до синдикатите. Густав Хорн има провокативна формула - платите во германското приватно стопанство во моментов би требало да се зголемат за 16% за да може да се надмине кризата во конкурентноста во еврозоната.