1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во дијаспората нема отпор кон црквата

21 септември 2009

Колку навистина Македонската православна црква е фактор на обединување на македонскиoт народ во дијаспората? На оваа тема одговара архиерејот за Европа, владиката Пимен.

https://p.dw.com/p/Jkxb
Владиката ПименФотографија: Silvera Padori

За една недела се поставуваат темели на две македонски православни цркви во Германија, во саботата (19.09.2009) започна изградбата во Берлин, а наредната сабота во Мајнц. Дали МПЦ навистина ја обединува дијаспората?

Владиката Пимен оценува:
„Морам да констатирам дека Црквата останува единствен фактор кој ги обединува Македонците, Од моите патувања во Европа гледам дека сите македонски клубови полека умираат, ја губат своја активност и остануваме ние како црковни општини единствени што се‘ уште го обединуваат македонскиот народ“ кажува владиката Пимен.

Наспроти се‘ погустата организираност во Германија, факт е дека во нив, а и меѓу различни црковните општини општини не ретки се недоразбирањата и расправиите.

Der Bischof Pimen
Фотографија: Silvera Padori

„Менталитетот македонски сите си го знаеме, не само во дијаспората, туку и дома. Се појавуваат несогласувања. Луѓе кои за себе мислат дека се незаменливи. Знаат да направат и отпор. Но тоа не е отпор кон црквата, туку судир на човечки суети кога ќе бидат заменети.“

Дијаспората има различен карактер

Недоразбирања има и меѓу МПЦ и верниците, особено преку океанот. За оваа ситуација владиката европски, Пимен, објаснува дека е резултат на различниот карактер на дијаспората. Онаа од преку океанот е од народ кој заминал иселенички, и таму си изградил домови и цркви. Дијаспората во Европа, пак, ја сочинуваат луѓе кои заминале на печалба со идеја по неколку години да се вратат во татковината, поради што градбата на црквите и формирањето на црковните општини се случи подоцна и се одвивава координоирано со МПЦ.

„Проблемот е посебно нагласен во Австралија. Таму на почетокот ги граделе храмовите зруженија на граѓани, кои имотот денес го чувствуваат како свој и не сакаат да го дадат да биде составен дел на МПЦ“.

Верба во позитивен исход

Пимен дополнува дека МПЦ не отстапила да изнајде решение, а за тоа чии се имотите, последниот збор ќе го имаат австралиските судии:

„Веќе неколку од судските процеси се приведени при крај. Во зависност од исходот, а верувам дека ќе биде позитивен за МПЦ, според информациите од надлежниот архиереј, владиката Петар, дека доколку еден или два од случаите се решат позитивно, тоа ќе биде клуч за сите останати спорови. Верувам дека се ближи крај на овој проблем, не само поради тоа што е создадена омраза меѓу народот и отпор кон црквата, туку истовремено е и голем проблем кој однесе со себе и големи пари!“

Автор: Силвера Падори

Редактор: Жана Ацеска