1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Индија почна азиската турнеја на Обама

6 ноември 2010

Американскиот претседател Барак Обама на почетокот на неговата прва посета на Индија најави голема економска соработка и истовремено нагласи дека ќе биде зајакната заедничката борба против тероризмот.

https://p.dw.com/p/Q0ZX
Барак Обама во посета на ИндијаФотографија: AP

Американскиот претседател Барак Обама на првата посета на Индија во визирот го има пред се’ домашното стопанство. На Американците им вети 50.000 работни места преку индиски договори. На почетокот на тридневната посета на економската сила во подем биле договорени повеќе од 20 спогодби со волумен на извозот од преку десет милијарди долари, рече денеска Обама пред стопанствениците во западноиндиската финансиска метропола Мумбај.

Flash-Galerie Obama Reise Indien
Почит за жртвите од ноември 2008Фотографија: AP

Претходно, американскиот претседател Барак Обама потсети на жртвите од терористичките напади во Мумбај пред речиси две години: „Со оваа посета испраќаме јасна порака дека Соединетите Американски Држави и Индија се обединети во намерата, на нашите народи во иднина да им обезбедиме безбедност и добросостојба.“

Вашингтон и Њу Делхи имаат намера да ја зајакнат соработката во борбата против тероризмот. Со средбата со преживеаните и родните на жртвите од терористичкиот напад во 2008 година почна десетдневната турнеја на американскиот претседател во Азија. Покрај Индија, тој ќе ги посети Индонезија, Јужна Кореја и Јапонија.

Автор: АТ/ ТТ/дпа/ дв

Редактор: Трајче Тосев