1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Калифорнија пожарите и натаму беснеат

24 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/BwC1

И покрај поддршката од американската армија, пожарникарите од јужна Калифорнија сеуште не успеваат да ги стават под контрола пожарите што беснеат веќе четири дена. Во меѓувреме повеќе од половина милон луѓе ги напуштија своите домови поради опасноста од огнената стихија. Од пожарот досега се зафатени околу 1500 куќи, а изгоре површина од околу 170 илјади хектари. Американскиот претседател Џорџ Буш најави посета на Калифорнија за лично да се увери во размерите на катастрофата.