1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Лондон ќе се говори за иднината на Либија

29 март 2011

Меѓународната заедница денеска (20.03.2011) ќе ги разгледува можностите за Либија без Моамер ел Гадафи. Пред конференцијата во Лондон, американскиот претседател Обама повика со сите сретства да се симне Гадафи од власт.

https://p.dw.com/p/10jQU
Фотографија: dapd

Американскиот претседател Барак Обама смета дека либискиот властодржец Гадафи е силно ослабен. „Со нападите, западната воена алијанса под мандатот на ОН го запре смртоносниот марш на Гадафи против бунтовниците“, изјави синоќа Обама во говорот до нацијата, прв од почетокот на воената интервенција во Либија. Обама истовремено истакна дека улогата на американската армија во Либија останува ограничена и таму нема да бидат испраќани копнени трупи, како и дека ќе биде потребно долго време за политичка изолација на режимот на Гадафи.

USA UN Generalsekretär Ban Ki Moon in New York zu Libyen
На средбата во Лондон ќе учествува и Генералниот сеекретар на ОН, Бан Ки МунФотографија: dapd

Во Лондон- претставници на 35 земји

На раговори околу ситуацијата во Либија и иднината на земјата денеска во Лондон ќе се сретнат министрите за надворешни работи на повеќе од 35 земји. На неа ќе присуствуваат и генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун и првиот човек на НАТО, Андрес Фог Расмусен, како и претставници на Арапската лига и на Африканската унија. Нејасно е дали на конференцијата ќе учествуваат претставници на либиската опозиција. Во подготовките на средбата во Лондон, германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Никола Саркози, британскиот премиер Дејвид Камерон и америакнскиот претседател Барак Обама синоќа одржале видео-конференција. Во Советот за безбедност Германија според дипломатски избори побарала проширување на санкциите против либискот режим, меѓу кои целосно нафтено ембарго.

Опозицијата не е добро организирана

Либискиот заменик- министер за надворешни работи Калед Каим го обвини Западот дека сака да ја подели земјата, но тоа би бил почеток на нова Сомалија, предупреди тој на италијанската телевизија.

Контра- офанзивата на либиските бунтовници кон западниот дел од земјата во меѓувреме е запрена вчера пред Сирте, родниот град на Гадафи. Опозицијата не е добро организирана, изјави американскиот вицеадмирал Бил Гортни. Тој подвлече дека меѓународната операција не е директна поддршка на опозицијата, но бунтовниците профитираат од воздушните напади.

Автор: ЖА/СН/афп/дпа

Редактор: Симе Недевски

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема