1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Македонија има 35 мултимилионери

ЖА/макфакс16 јуни 2013

Македонија има 35 мултимилионери, со што се најде при дно на европската листа на многу богати луѓе во анализата што ја изработи Ворлд ултра велт репорт (WUWR).

https://p.dw.com/p/18qoJ
Фотографија: Fotolia/auremar

Според критериумите на WUWR, мултимилионери се лица кои располагаат со најмалку 30 милиони долари,

Македонија на оваа листа се најде на 42-то место, од 45 европски држави. Најмногу мултимилионери во Европа има во Германија, каде што се евидентирани 15.770, по што следи Велика Британија со 10.515 и Швајцарија со 5.595 мултимилионери.

Грција се наоѓа на 20-место на европската листа со 455 мултимилионери, додека Хрватска е лидер во регионот на поранешна Југославија со 260 многу богати лица, што ја стави на 23-место во Европа. Србија е 29-та со 90 мултимилионер, а едно место подолу е Босна и Херцеговина со 85. Словенија е на 34 место со 70, Албанија е 37-ма со 55, а Бугарија е на 40 место со 45 мултимилионери. Зад Македонија, од регионот единствено е Црна Гора, која има 21 мултимилионер.