1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Македонија нема затвори што ги користи ЦИА

Александар Чомовски9 јануари 2006

Шпекулацијата е нова, одоворот е стар, во Македонија нема затвори на ЦИА. Категоричен демант од кабинетот на макеоднскиот премиер Владо Бучковски за Дојче Веле.

https://p.dw.com/p/Ac9w
Логото на ЦИА
Логото на ЦИА

На македонска територија нема затвори што ги користи ЦИА. Висок функционер на полицијата на овој начин ја демантираше вчерашната вест, објавена во швајцарскиот весник за петте европски држави каде Американците имаат тајни локации за испитување на осомничените терористи.

Висок владин функционер за Дојче Веле денеска кажа дека Македонија не одобрила ниту тајни затвори ниту на нејзините аеродроми, конспиративно слетувале наводно авиони на ЦИА, освен при преземањето на Германецот Ел Масри за време на летот на американскиот Боинг.

Во неколку наврати МВР демантираше дека ЦИА има тајни затвори во Македонија, но сеуште нема официјален владин одговор за интересот на ЕУ амбасадорот Фуере, како и на Тери Дејвис од Советот на Европа. Првиот побарал објаснување за случајот Ел Масри. А генералниот секретар на Советот на Европа, пред околу два месеца во Скопје инсистирал на објаснување: дали Македонија е во кругот на европските домаќини затворите на ЦИА? И за него владата сеуште нема писмен одговор, што остава впечаток дека можеби се крие нешто или вистината се дозира. Сепак денеска категоричен демант од кабинетот на премиерот Бучковски „ Шпекулацијата е нова одговорот е стар. Нема затвори на ЦИА на територијата на Македонија“