1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Макеоднија - заедничка позиција за името

Александар Чомовски16 март 2007

Македoснко - грчките односи - тема на разговорите меѓу претседателот и премиерот на Македонија.

https://p.dw.com/p/AbyU
Скопје
СкопјеФотографија: aptn

И камерите денеска не успеаја да ја забележат новата средба кај македоснкиот претседател Бранко Црвенковски со премиерот Никола Груевски и шефот на дипломатијата Антонио Милошоски. Оваа таинственост не е само резултат на деликатната дебата за односите со Атина пред можниот прием на Македонија во НАТО. Подолго време владее политичка но и лична нетрпеливост меѓу владата и шефот на државата. За денешната дебата нема разлики меѓу претседателот и премиерот околу зачувувањето на уставното име.

Македонско – грчките односи минуваат низ фаза на взаемни иритирања. Откако беше прекрстен скопскиот аеродром во Александар Велики, следуваше задоцнетиот видеоклип каде грчки војници пеат навредливо за т.н Скопјани пред петнаесет месеци на воена парада. Вчера е упатена нота до грчката амбасадорка во Скопје „Побарано е оградување и објаснување на настанот. Мислам дека тоа ќе вроди со плод, и вакви настани да не се повторуваат бидејќи Македонија и Грција имаат многу заеднички што да споделат.“ кажа во Струга Антонио Милошоски.

Шефот на дипломатијата инаку не го информирал претседателот Бранко Црвенковски дека ќе биде испретена протестна нота до Грција, прва од ваков вид во 15 годишните релации меѓу соседите.

Дипломатски извори во Скопје велат дека Атина нема да одговори на македонскиот протест зашто инцидентот со навредливата песна од страна на грчките војници против соседот се случил пред 15 месеци и се смета за задоцнето.

Од друга страна грчката влада испраќа сигнали на незадоволство од најновото поставување на арте факти склупрути од античко време, пред и во зградата на македонската влада. Домашните експерти со критики за екстравагантното однесување на Паско Кумзан шеф на македонскиот центар за заштита на археолошките белези. „Поставувањето на склуптурите и вадењето од археолошките локалитети нанесува штета на Република Македонија.“ вели кустосот Климе Коробар и како глас на негодување од опозицискиот СДСМ.

Се почести се најавите од Грција дека македонското членство на НАТО ќе биде условено со евентуланото решавање на спорот околу името „ Може да се случи да речеме во грчкиот парламент, да не помине нашата апликација и потоа тие да навчлечат врз себе гнев од демокатраската јавност во светот.“ вели поранешниот министер за надворешни работи Денко Малевски во јавен комнатар дали Грција би можела да го блокира македонскиот влез во НАТО во парламентото во Атина.