1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во масакрот кај Денвер 14-мина загинати

ЕМФ/афп/дпа20 јули 2012

Во масовното убиство што се случи за време на филмска премиера во предградие на Денвер, убиени се најмалку 14 лица, а повредени се околу 50.

https://p.dw.com/p/15bub
Фотографија: AP

Вооружен напаѓач во текот на ноќта кон петок по локално време отворил оган во кино во градот Аурора во американската сојузна држава Колорадо, соопшти шефот на локалната полиција Ден Оутс. Лицето е уапсено.

Во киното доцна вечерта се прикажувала премиера на новиот филм со Бетмен. Меидумите јавуваат дека на местото на настанот владее хаос.

Според локалните телевизии и радија, напаѓачот фрлил солзавец и почнал да ги убива луѓето. Тој носел гас-маска и имал панцирен елек. Локалните болници биле алармирани да примат поголем број пациенти. Според телевизискиот канал Ен-Би-Си тим на експерти за детонација е испратен на местото на настанот.