1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во НАТО според сработеното!

Силвера Падори9 октомври 2007

Тепачката во во Собранието не би требало да има влијание врз одлуката за членството на Македонија во НАТО и ЕУ. Членството во НАТО ќе зависи од сработеното - сметаат германските политичари Валтер Колбо и Гинтер Глосер

https://p.dw.com/p/BoOj
Кога ќе се вее македонското знаме пред централата на Алијансата во Брисел е се уште неизвесно!Фотографија: AP

“Секоја земја генерално ќе биде вреднувана врз основа на напредокот што го остварила. Тоа конечно ќе мора да го одлучи Паралментарното собрание. Но, целта останува - прашање е само кога земјите ќе станат полноправни членки и тоа во основа зависи од она што самите ќе го сработат ” - изјави за нашата програма Гинтер Глозер државен министер во германското министерството за надворешни работи.Тој минатата недела престојуваше во Скопје каде меѓу темите за кои разговараше со премиерот Груевски и претставници на Владата беше и членството во НАТО и ЕУ. Едновремено, во Македонија престојуваше и социјалдемократот Валтер Колбо кој во текот на трите дена разговараше со државниот врв, со парламентарци и претставници на опозиционите македонски и албански партии.Посетата и на двајцата германски политичари беше непосредно по случувањата во Парламентот за кои Колбо забележува:

"

Тоа беа мрачни часови на параламентаризмот, но сигурно и симптом на криза во демократски пат на Македонија. Со голема почит гледаме кон постигнатото во Македонија, но во парламентот се дискутира, се расправа и не смее да има насилство”.Колбо не верува дека ова ќе има влијание врз одлуката на ЕУ за определување датум за почеток на пристапните опртеговори ниту пак за идната покана за членство во НАТО. Но, смета дека мора да постои свесност за демократијата во парламентот, а тоа значи и почитување на мислењето на другите.

По разговорите кои ги имаше Валтер Колбо сликата за Македонија не е црна:

"

Македонија е на пат на стопанско консолидирање. На добар пат е и меѓуетничката рамноправност врз осонова на Охридскиот рамковен договор. Но, меѓуетнички во рамките на двете албански партии мора да се внимава да не дојде до големи спротивставувања. Затоа е и важно да се состави и Комиетот за меѓуетнички прашања и тоа согласно Охридскиот договор и таканареченото бадинетерово мнозинство, каде сите меѓуетнички прашања ќе бидат усвоени со согласност на албанското малцинство” истакна Валтер Колбо.

Неодминлива тема на разговорите беше и Косово. Колбо ја коментира идејата за свикување конференција по урнекот на Дејтонската. Според него добро е на маса да се стави се што може да помогне да се најде решение. Дури и конференција. Но, тој не смета дека решение е да се седне и да се разговара, се додека, како што вели не излезе “бел чад од оџакот”, како што е при изборот на папа. Работите не смее да се силуваат! Треба да се инсистира на трпение, иако кога е во прашање албанската страна е тешко, зашто и беше најавено дека наредниот чекор ќе биде независноста. Затоа за стабилноста на целиот регион голема одговорност имаат европските земји, владите и паралментите, кои треба да бидат единствени и заеднички да одлучат. Доколку е поинаку, ќе биде лошо за европските земји.