1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во очекување на самитот на НАТО во Рига

Алексанадар Чомовски24 ноември 2006

Македонскиот државен врв со трезвеност и потајни надежи очекува пораки од самитот на нАТО во Рига.Се поинтензивни се дипломатските контакти кои треба тоа да го обезбедат

https://p.dw.com/p/Adas

Унгарија и Словенија,извлечени од маргините на Балканот,но најблиску до него,припаѓаат на новата генерација држави во евроатланските интеграции,нивните искуства, лобирања и гласови се важни за македонските аспирации.Слушајќи ги нивните претставници за шансите да се добие покана за членство, тогаш НАТО би бил на дофат,ЕУ подалечна перспектива.

-Реалниот датум кога Македонија треба да добие покана е 2008 година,за тоа ние ќе се потрудиме на следниот самит во Рига,вели Ференц Ѓурчањ,премиер на Унгарија.Тој ја отрезнува македонската јавност пред далеку подолгиот пат до членство во ЕУ.И екс словенечкиот министер за одбрана во Скопје настапи со убедителна стимулација:досегашната трансформација на македонската армија е добра и ветувачка:

-Колку што јас знам последните години реформите во одбраната беа радикални и според НАТО стандардите,рече Антон Гризелд,поранешен министер за одбрана кој Словенија ја доведе до НАТО.

Вчера македонската армија ги обедини досегашните три специјални единици во единствен полк за брза интервенција,од каде ќе се регрутираат војниците за меѓународните мировни мисии на НАТО.

-Република Македонија има легитимно право да очекува дека самитот ќе испрати позитивни сигнали за шансите на земјите кандидати да добијат покани за членство во следниот круг на проширување најавен во 2008 година,изјави македонскиот претседател Бранко Црвенковски во армискиот двор на скопската касарна Илинден.

-Значи ние не гледаме исклучиво како проблем само на прашањето дека одбранбениот сектор треба да се реформира или трансформира,туку едноставно да дадеме придонес кон тоа сите граѓани да почувствуваат корист од она што се случува како реформа во одбранбениот сектор,оценува проф.Лидија Георгиева експерт за одбрана и безбедност од Скопскиот универзитет.