1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во очекување на уставот на ЕУ

18 јуни 2004

Од вчера шефовите на држави или влади на Европската унија во Брисел расправаат за новите аспекти на европската политика. Нивна намера е конечно да се согласат за заедничкиот европски устав и истовремено да изберат нов претседател на Европската комисија на местото на Романо Проди.

https://p.dw.com/p/AcMu
Дали конечно ќе биде усвоен уставот на ЕУ?
Дали конечно ќе биде усвоен уставот на ЕУ?Фотографија: AP

Две теми доминираат на самитот на ЕУ во Брисел: едната е согласноста за идниот устав на Европската унија, другата е изборот на нов претседател на Европската комисија. Ирското претседателство во средата вечер имаше разговори со одделни земји-членки за компромисниот предлог за спорните прашања во однос на уставот. Решение се очекува најрано во текот на денешниот втор ден од самитот. Вчера повеќето учесници се искажаа нагласено оптимистички. Германскиот шеф на дипломатијата Јошка Фишер:

“Мој впечаток е дека сме на добар пат и за разлика од декември кога се стретнавме во оваа сала, за жал без успех. Сега сме многу блиску“.

Претседавачот, ирскиот премиер Берти Ахерн во неговата прогноза е нешто повоздржан:

“Јас не сум претеран оптимист, зашто се уште има тешки проблеми што мораме да ги решиме“.

Една важна спорна точка е и пактот за стабилност. Предводени од Германија, една група земји се противи уставот да содржи проширени компетенции на европската комисија во постапката во случај на дефицит. Во компромисниот предлог на Ирска на германските барања главно им се излегува во пресрет: министрите за финансии, според него, ќе можат да ги менуваат барањата на комисијата со квалификувано мнозинство. Втората спорна точка е модуст за гласање во осветот на министрите. Ирското претседателство предлага решенијата да бидат важечки ако за нив гласаат 55 насто од земјите-членки кои истовремено претставуваат 65 насто од населението на Унијата. На тој начин би им се олеснила блокадата на помалите земји во случај на одлуки што не им одговараат. Кај втората голема тема – номинирањето нов претседател на Европската комисија досега нема единство: учесниците на самитот сакаа синоќа да излезат со предлог, но дотогаш немаше кандидат кој ќе ја има согласноста како на Советот, така и на Европскиот парламент. Единствениот што би бил добар за сите, премиерот на Луксембург Жан Клод Јункер ја одби понудата:

“Не може на 13 јуни да се настапи за да се остане премиер, а потоа на 17 или 18 јуни да се каже, луѓе толку: јас сум избран, ама сега одам во Европа. Тоа не оди и не е соодветно на моето разбирање на политиката. Не смее луѓето така да се лажат“.

Германија и Франција го фаворизираа белгискиот премиер Ги Ферхофштат, но тој е одбиен од Европската народна партија која има мнозинство во парламентот, а и во Советот му се намалија шансите зашто против се изјасни Велика Британија. Европската народна партија од своја страна го предлага комесарот за надворешна политика, Британецот Крис Патен. За тоа се согласија конзервативните партиски и владини шефови пред почетокот на самитот. За ова ЦДУ европолитичарот Петер Хинце вели:

“Веруваме дека во него имаме одлична личност што ја разбира евроската работа. Тој е политичар на интегрирање“.

Патен пред се наидува на отпор од француската влада, зашто Велика Британија не и припаѓа на зоната на еврото, ниту е член на шенгенскиот договор. Но, преговорите продолжуваат и очигледно е дека учесниците на самитот се решени во секој случај да постигнат единство.