1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во прекин седницата за интерпелација на Елмази

13 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/CBG7

Се уште е во прекин седницата на македонското собрание на која требаше да се продолжи расправата по интерпелацијата за заменик министерот за внатрешни работи Рефат Елмази. Барањето за прекин го поднесе Ружди Матоши од ДПА, по што претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски ги свика на координација, шефовите на пратеничките групи. Интерпелацијата инаку ја поднесе пратеничката група на Либерално демократската партија. Таа смета дека Елмази се однесувал скандалозно за време на немилите настани од 25 септември во парламентот, кога дојде до физички пресметки меѓу неколкумина пратеници.