1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Русија секој може да стане Ходорковски

28 декември 2010

Судската пресуда во вториот процес против поранешниот нафтен магнат и критичар на власта во Кремљ, Михаил Ходорковски, наиде на загриженост во меѓународната јавност. ЕУ и САД изразија јавни критики до Русија.

https://p.dw.com/p/zqa1
Фотографија: dpa

„Условите под кои се води постапката се исклучително сомнителни и претставуваат назадување на патот кон модернизацијата на земјата“, изјави германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле. Германската влада и порано повеќепати искажа сомневање во тоа дали процесот против Ходорковски одговара на правните стандарди. Владиниот портпарол Кристоф Штегманс:

„Придржувањето кон основните правила на правната постапка има големо значење за развојот на современата правна држава во Русија. Од таа причина нашата влада постојано критички го следи процесот, а тоа ќе го прави и во иднина“, истакна Штегманс. ЕУ, пак, ја повика Москва да ги почитува човековите права.

Flash-Galerie Michail Chodorkowski
Приврзаниците на Ходорковски се собраа пред московскиот суд додека траеше процесотФотографија: AP

Американската влада е „иритирана“

Во САД повторната пресуда против Михаил Ходорковски исто така предизвика загриженост, како што изјави Роберт Гибс, портпаролот на американскиот претседател Барак Обама. Освен тоа, американската влада „ е иритирана поради обвинувањата за злоупотребата на правниот систем“ и „селективната примена на правото“ во случајот со Ходорковски и неговиот сообвинет деловен партнер, Платон Лебедев. Ова „го поткопува угледот на Русија, како земја која се обврза на продлабочувањето на владеењето на правната држава“, рече Гибс. Со непридржувањето кон универзалните вредности, Русија ја спречува својата сопствена модернизација и својата способност за продлабочување на односите со САД, истакна портпаролот на Барак Обама. Американскот претседател за случајот Ходорковски повеќепати разговарал со својот руски колега Дмитри Медведев, а Вашингтон и натаму ќе го следи одвивањето на процесот во повисоките инстанци.

„Тажен ден за Русија“

Руската опозиција искажа вџашеност од пресудата против Ходорковски. „Ова е тажен ден за Русија“, изјави поранешниот вицепремиер Борис Немцов. Владините служби за безбедност уапсија повеќемина приврзеници на поранешниот нафтен магнат кои протестираа пред зградата на судот, барајќи слобода за Ходорковски. „Секој од нас може да стане Ходорковски“, стоеше на одделни транспаренти.

Михаил Ходорковски и Платон Лебедев вчера беа прогласени за виновни поради кражба и перење пари. Обвинителството ги обвини дека присвоиле 218 милиони тони нафта и илегално ја продале. До соопштувањето на висината на казната може да поминат уште неколку дена. Ходорковски и Лебедев веќе беа осудени во првиот процес за измама и даночно затајување на осум години затвор.

Автор: Франк Вернер/дпа/афп/ртре

Редактор: Трајче Тосев