1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Северна Кореја пристигна договорената нафта

14 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BFmp

Во Северна Кореја пристигна пртвата испорака на нафта, која беше договорена на преговорите околу прекинување на атомската програма на комунистичката земја. Танкерот со нафта веќе се наоѓа на пристаниште во земјата. Договорот кој беше постигнат предвидува, Северна Кореја да го исклучи реакторот Јонгбјон за што треба да добие 50 илјади тони нафта. Денеска во земјата треба да пристигне и тим на Меѓународната агенција за атомска енергија, кој треба да го набљудува исклучувањето на постројката. Нова рунда на шестпартитните преговори за укинување на северно корејската атомска програма треба да се оддржи во среда.