1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Сирија беснее граѓанска војна

АТ/СН/дв/миа13 јуни 2012

ОН отворено проговорија дека во Сирија се води граѓанска војна. Генералниот секретар на НАТО оцени дека странска воена интервенција во Сирија не е добро решение.

https://p.dw.com/p/15D39
Фотографија: dapd

За првпат шефот на мисијата на сините шлемови Ерве Ладсос отворено проговори за граѓанска војна во Сирија. Насилството драматично се зголемува. ОН поседуваат потврдени извештаи, според кои режимот на Асад не употребува само артилерија и тенкови против сопственото население, туку во меѓувреме и борбени хеликоптери. Раководството во Дамаск загуби голем дел од територијата и се обидува повторно да ги заземе од противнциите на владата, изјави Ладсос во Њујорк. ОН го обвинуваат режимот и дека злоупотребувал деца како човечки заштитен штит. Тимот на ОН се вратил со застрашувачки слики за измачувани, масакриани и сексуално злоставувани деца во Сирија, изјави специјалниот пратеник на ОН за деца во вооружени конфликти.

Syrien Unruhen Protest Begräbnis Sarg
Голем број деца жртви на насилствата во СиријаФотографија: Reuters

Неколку часа откако високиот претставник на ОН изјави дека во Сирија се води граѓанска војна, генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен оцени дека странска воена интервенција во Сирија не е добро решение: „Засега нема никаков план за операција на НАТО во Сирија“, истакна Расмусен. Тој ја смета како сериозна грешка неспособноста на Советот за безбедност на ОН да постигне согласност како да биде зајакнат притисокот врз Дамаск.