1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Скопје молк околу предлозите на Фрид

10 март 2008

Во Македонија владее целосен молк по посетата на американскиот дипломат Даниел Фрид во петокот во Скопје и неговите разговори со македонскиот претседател Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски

https://p.dw.com/p/DLtv
Што донесе Фрид во Македонија околу спорот со иметоФотографија: AP

Македонските медиуми повеќе го пренесуваат пишувањето на грчките весници во врска со најновиот развој на настаните во спорот со името, зашто официјални информации од македонска страна нема- дали и каков предлог оставил Фрид како услов за продолжување на грчко македонскиот дијалог за името.

Кај македонскиот претседател Црвенковски нема стигнато писмо од американскиот претседател Џорџ Буш, какво што наводно е испратено до грчкиот премиер Костас Караманлис.

Можно е и да не се постигне договор, но треба да размислите за тоа, зашто со решено име Македонија има европска иднина и САД ќе ја поддржуваат и бранат, порача високиот дипломат од Стејт Департментот. Не е исклучено Даниел Фрид да собере високи по ранг македонски и грчки дипломати на тајни разговори, пред воопшто медијаторот Нимиц воопшто да се активира.

Продолжуваат лицитациите околу името

Но промената на името и натаму останува не само балкански, туку и внатрешноетнички проблем. Продолжува лицитацијата за алтернативните имиња. На Грција наводно и одговарало името Република Горна Македонија, но Бугарија предупредила дека тоа асоцира и на постоење на Пиринска Македонија. Од друга страна за Албанците во Македонија не се прифатливи додавките од типот на Уставна Република Македонија, како и старата идеја за Северна Македонија, изјави неодамна во интервју за Ал сат Исмет Рамадани од ПДП.

Инаку, според последната сондажа, 83 проценти од анкетираните граѓани на Македонија не сакаат влез во НАТО ако услов е промена на уставното име.