Во Франција отворена истрага за смртта на Арафат
29 август 2012Во Франција е отворена формална истрага за причините за смртта на палестинскиот лидер Јасер Арафат. Судија во предградието на Париз, Нантер го прифати барањето на вдовицата на Арафат за отворање истрага против непознат сторител за убиство.
Сомневањата дека Арафат бил отруен со плутониум се појавија откако катарскиот ТВ канал „Ал Џезира“ ги откри резултатите од испитувањата на една швајцарска лабораторија.
Палестинските автономни власти, кои претходно дозволија ексхумација на телото на Арафат, ја поздравија одлуката на судот во Франција, додека официјален Тел Авив соопшти дека не е загрижен поради истрагата.
Јасер Арафат почина на 11 декември 2004 година во воената болница во Перси во парискиот регион. Се очекува наскоро експерти на швајцарскиот институт да отпатуваат во Рамала каде треба да земат примероци од личните работи на Арафат и да проверат дали на нив има траги од плутониум.