1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Јапонија формирана Партија на зелените

ЖА/дв/афп/ртре29 јули 2012

Јапонците долго ја прифаќаа политиката на владата наклонета кон атомската енергија. Но, таборот на противниците расте, а добива на политичка тежина со формирањето Партија на зелените.

https://p.dw.com/p/15gBM
Фотографија: picture-alliance/dpa

Јапонските активисти за заштита на животната средина и противниците на атомската енергија формираа Партија на зелените. На основачкиот конгрес одржан вчера заменикот претседател Акира Мијабе, според информации на агенцијата Кјодо, изјави дека на Јапонија и‘ треба партија која решително ќе се залага за еколошка политика.

Партијата, чие основање го отсликува растечкото противење на атомската енергија во Јапонија по нуклеарната катастрофа во Фукушима во март 2011. година, за следните парламентарни избори планира да истакне свои кандидати.

Расте таборот на противниците на атомската енергија

Антиатомското движење во Јапонија доби натамошен поттик кон средината на јуни, кога премиерот Јошикико Нода реши првпат по нуклеарната катастрофа во Фукушима повторно да бидат пуштени во употреба два реактора. Нода одлуката ја образложи со заканувачкиот недостиг во снабдувањето со енергија за време на летните месеци. До катастрофата во Фукушима атомските централи во земјата обезбедуваа околу 30 проценти од потребите за електрична енергија, а во последно време сите 50 централи беа исклучени поради технички ремонт.

Atomkraft Demonstration Japan
Фотографија: picture-alliance/dpa

Веќе неколку месеци секоја недела се собираат десетици илјади демонстранти пред седиштето на владата во Токио. Тие бараат од владата да се откаже од атомските електрани. Прд единаесет дена беше одржан најголемиот антинуклеарен протест во Токио на кој учествуваа повеќе од 150 илјади луѓе. Неодамна и поранешниот заменик премиер Јукио Хатојама им се прикличи на учесниците на неделните демонстрации пред владата.

И денеска (29.07.2012) во Токио се собраа илјадници луѓе за со формирање човечки синџир да демонстрираат пред владата против нејзината атомска политика. Јапонскатавлада досега речиси не реагираше на протестите.