1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во 2.010-та Германија ќе именува главен град на европската култура

1 јануари 2004
https://p.dw.com/p/AeW5
Еден од претходниците на Лил, во улогата на културна метропола на Европа, беше австрискиот Грац, кој според бројните позитивни оценки внесе посебни новини до програмската шема. Медиумите дури известуваа за "нова димензија во историјата на главните градови на европската култура". Станува збор имено за приближувањето на културата до широките народни слоеви, што меѓутоа не значеше и потполно откажување од традиционална "висока култура". "Нашиот пристап беше попларен, но не и популистички" -- на кусо го резимира програмскиот модел, главниот координатор на манифестацијата, Волфганг Лоренц. Тој уште на почоеткот од годината стави на знаење дека има намера да појасни оти културата не е луксуз, туку неопходен прехрамбен продукт. Сведувајќи биланс од 100-тината проекти спроведени како копродукција со локалните здруженија и културни иницијативи, Лоренц оцеи дека целта е остварена. Проктите според планот требаше да се одвиваат што е можно повеќе на отворен, јавен простор и исто така да остават по можност трајни траги врз културниот живот на градот. Така во Грац беше на пример изграден вештачки остров во реката, потоа беше подигнато спектакуларното здание на Домот на културата,, а по годината како метропола на европската култура Грац се здоби и со музеј на литературата и со детски музеј. Беше создаден и огромен простор со уметнички објетки, кој децата го прифатија многу брзо во свое омилено место за игра и забава. Како најголем миленик на публиката меѓутоа ќе остана во сеќавањето историската поставка под наслов "Брег на сеќавањето", на кој граѓаните на Грац можеа да приложат свои лични фотографии, писма и играчки, кои ќе сведочат за секогаш за различните етапи во развојот на градот. Сите тие предмети најдоа место во старото здание на дворецот Шлосберг, што уште повеќе ја зголеми атрактивноста на изложбата. Во еден друг дворец што го носи името Егенберг, пак, беше поставена поставката под наслов "Градењето на кулата од вавилон", која ги разоткрива прапочетоците на човечкиот говор и писмо, а која ја посетија преку 120.000 посетители. Ваквиот неелитистички пристап на австриски Грац кон културното богатство предизвика големо внимание кај домашната и странската јавност. На некои од странските посетители, на пример, им недостасуваа токму спектакуларни културни настани, што се инаку вообичаени за другите главни градови на културата, како што се концерти со врвни оперски пеачи или изложби на најголеми мајстори на модерната ликовна уметност. Но, од друга страна, Грац во годината на неговото "културно претседателствување со ЕУ" го посетија претставници на многу градови кои имаат претензии на ваквата ласкава титула во наредните години. Така меѓу другите со одговорните во Грац разговараа пратеници на Минстер, Бремен, Штутгарт, Касел и Аугсбург - да спомнеме само некои од вкупно 16-те германски градови кои најавија голем интерес. Меѓу нив дури се разви и своевдина битка за приматот, со оглед на фактот дека Германија во 2.010 има право да именува културна метропола на Европа. Германскиот сојузен Совет за култура побара ваквиот хаос што побрзо да се надмине, нагласувајќи при тоа дека од Европската комисија дошло предупредување оти во истата година такво право има и Унгарија.