1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Врата до врата“ отвори новa историја во Берлин

28 септември 2011

Германскиот претседател Вулф и неговиот полски колега Коморовски неодамна во Берлин ја отворија мамутската изложба „Врата до врата, Полска и Германија-1000 години уметност и историја“.

https://p.dw.com/p/12iMW
Полска и Германија -историјата прикажана низ сликиФотографија: Staatliche Kunsthalle Karlsruhe

Најдобар пример за новата и тесна врска се двајцата претседатели. Полјакот Бранислав Коморовски и Германецот Кристијан Вулф се пријатели. Тие заедно ја отворија мамутската изложба „Врата до врата, Полска и Германија-1000 години уметност и историја“, која отвора сосема нов поглед. Повеќе од 8.000 експонати покажуваат дека Германија и Полска со децении се тесно поврзани. Полски принцези се мажеле за баварски војводи. Уметниците како што се Феит Штос и научниците како Коперник уште во 15 и 16 век слободно и многу често се движеле на релација Нирнберг-Краков. „Од изложбата може да се понесе имено најголемиот подарок во историјата, а тоа е што Полјаците ни‘ подадоа рака на помирување“, изјави германскиот претседател Вулф.

Неговиот полски колега Бранислав Коморовски пак, изјави: „На изложбата е опфатено она што беше тешко и болно во односите на двете држави. Но, кај мене буди оптимизам тоа што изложбата се врти и кон иднината.“

Ausstellung Tür an Tür. Polen - Deutschland. 1000 Jahre Kunst und Geschchite
Полска и Германија-1000 годишна историјаФотографија: Muzeum Narodowe w Poznaniu, Poznan

Историјата наспроти современата уметност

Кураторката на изложбата Анда Ротенберг на изложбата свесно ги поставила историските експонати наспроти современите уметнички дела: „Моделот што сакаме да го постигнеме веќе одамна постои. Мораме само добро да гледаме како е направен“, изјави таа.

Делата од 19 век, кои покажуваат како надојдениот национализам ги претвора земјите во непријатели, ќе бидат изложени во овој т.н. кафез на историјата. Времето на националсоцијализмот се рефлектира во современата уметност на Лук Туманс или, пак, Мирослав Балка.

Историски пресврти, како избувнувањето на Втората светска војна, исто така се наоѓаат на изложбата. Победата на полското синдикално здружение Солидарност е прикажано и поддржано од германски уметници како Јозеф Бојс.

„Ние градиме мостови меѓу тоа време и денешнината. Мостот е современата уметност“, објаснува куратотката на изложбата Анда Ротенберг.

На крајот од просторијата на изложбата се наоѓа и еден фрижидер кој на повеќето посетители не може да им предизвика никаков страв дека односите меѓу Германија и Полска во брзо време можат драматично да се оладат.

 

Автор: Матиас Фрикел / Бисера Огњановска Митров

Редактор: Е.М.Фиданоска