1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Вратете ни ги ги нашите граници“!

Штефен Хајнлајн/ Жана Ацеска31 мај 2013

Европа го слави падот на границите како голема придобивка. Сепак, во словачките места кон Унгарија, луѓето најрадо повторно би вовеле гранични премини. Зашто, таму владеат неволји, невработеност и провалници.

https://p.dw.com/p/18hg9
Фотографија: picture alliance/Reinhard Koester

Канцеларијата на градоначалникот на словачкото место Словенске Дармоти, Денис Арве-Јове, се отвора точно во осум часот. На големото биро стојат два лаптоп компјутери, а на ѕидот висат словачкото и знамето на ЕУ. Малото место има одвај 600 жители и се наоѓа на идиличните падини на реката Ипел на самиот југ на Словачка.

Од другата страна на рекичката Ипел е Унгарија, но граница веќе нема. Некогашните гранични премини се запуштени (насловната фотографија), а денес од Унгарија доаѓаат само проблеми:

„Бескуќниците оттаму доаѓаат во нашето село, се пијанат и често создаваат немири. Тоа порано го немаше. Се разбира, секогаш имало по некоја кавга, но сега криминалот вистински порасна. Жртви се пред се‘ постарите луѓе“, вели градоначалникот.

Metallgatter mit Schild Schengen
Шенген се славеше во голем стил, некои сега жалат за времињата пред подигањето на границитеФотографија: picture alliance/Romain Fellens

„Проклета Европска унија“!

Во словачкото село има мала продавница, а неа работата не и‘ оди добро. Откако на другата, унгарската страна, постои голем супермаркет, отворен нон-стоп, едвај некој да влегува во продавницата. Таму, „отспротива“, е поевтино, изборот е поголем, но и натаму селанецот Бохуслав и‘ останува верен на селската продавница. Зашто, овој 56-годишник е убеден дека со исчезнувањето на гранците се‘ тргнало на лошо:

„И мене веќе ме ограбија. Ги затекнав крадците во куќичката во дворот, па ме претепаа. Сите луѓе овде живеат во страв, секој се заклучува во куќата. Проклета ЕУ, границите би требало повторно да ги воведат“!

Слично е и со други места покрај границата. Возењето до Шиаторска Буковина, на истиот потег, трае околу еден час. Таму градоначалникот Јурај Бадинка ни ја отвора решетката на вратата на големата трикатна зграда на бившата царинска испостава. Таму до 2007 година беа граничните полицајци и нивните семејства.

Денес пак малтерот се рони од ѕидовите, а зградата пропаѓа.

„Зградата ја добивме бесплатно од државата, но оттогаш имаме само проблеми. Дури и трошоците за енергија за зградава за нашата мала општина се преголеми. Планиравме од неа да направиме хотел, но нема пари за градежни работи“.

Grenze zwischen der Slowakei und Ungarn Brücke über Ipel
Преку мостот на рекичката Ипел и бившата граница меѓу Словачка и Унгарија, сега може секој да пројде...Фотографија: picture-alliance/dpa

Сите соништа се распрснаа

На подовите уште стои зелениот линолеум, преполн измет од стаорци и нечистотија. И покрај искршените прозорци, смрди на застојан воздух. Единствена атракција во селото е средновековниот дворец на блиското ритче.

Но, соништата за туристички рај одамна се закопани: „На самиот почеток имавме три, четири заинтересирани инвеститори. Но, тогаш дојде економската криза и тоа веќе никого не го интересира. Зградата остана товар за нас и можеме само да се надеваме дека веќе нема да мораме да плаќаме за неа“, вели градоначалникот.

И во Велке Косихи по исчезнувањето на границите имале големи планови. Од нив ништо не останало, иако зградата на тамошната гранична контрола барем не е празна. Во подрумот локалната младина импровизираше нешто како студио за фитнес и се собира речиси секоја вечер, а во останатиот дел живеат работници - од Романија. Всушност, тие и не работат во Словачка, туку во фабриката за кабли во соседна Унгарија.

И таму претседателот на месната заедница Лајош Чока е разочаран од Европа и подигањето на границите: „Се‘ има и своја мрачна страна. Многу стари фабрики банкротираа, а порано барем секој имаше некакакво работно место. Тогаш, по распаѓањето на социјализмот во 1989 година, бев уверен дека најдоцна за 20 години, ќе ни биде многу подобро. За жал, тоа не се исполни“.