1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Враќање на 40-часовната работна недела

11 март 2004
https://p.dw.com/p/AeRn
Да се работи 40 часа неделно? Оваа тема долго време во Германија беше табу. Околу десет години за вработените во металската и електро-индустријата, на пример, важи 35-часовна работна недела. Но, набргу на тоа може да му дојде крајот. Се повеќе фирми планираат повторно да воведат 40 часовна работна недела. Од тоа ќе бидат погоден пред се висококвалификуваните вработени, особено во автомобилската индустрија. Дајмлер Крајслер почна прв и кон крајот на февруари најави враќање кон 40-часовната работна недела. Посебно е погодена најголемата фабрика на оваа фирма во Штутгарт. Повеќе од 10 илјади вработени во иднина ќе работат подолго време. Според анкетите, овој чекор планираат да го следат скоро 300 германски фирми. За економистот Герхард Бош ваквиот развој воопшто не е изненадување: "Во 2000-та година направивме едно истражување во германските автомобилсики фирми и констатиравме дека во одделите за наука и развој уште тогаш се работеше по 40 часа". Сепак, не секоја фирма смее да воведе подолго работно време. Услов е најмалку секој втор вработен да биде високо - платен специјалист - значи инженер или стручњак кој има посебни квалификации. Значи, во иднина токму умните глави ќе мораат да работат повеќе. Сосема поинаку е во производството. Овде дури се бара и намалување на работното време, вели Бош: "Онаму каде што во моментов побарувачката не е поволна, за да се спасат работните места, може да се скрати работното време. Ако се посматраат обете ќе се види дека за сите ќе исчезне 35-часовната работна недела. Имено, покусо работно време за помалку квалификуваните и подолго за висококвалификуваните". Фирмите сакаат повеќе флексибилност и сакаат самите да определуваат колку долго ќе ги ангажираат своите вработени без да мораат да ги прашаат синдикатите. Само на таков начин германското стопанство може да се одржи во светската конкуренција. Зашто сосема е јасно дека во светот малку кој има толку слободно време како Германците. Работодавачите во Германија притискаат да се укинат слободните денови. Герхард Бош вели: "Тоа е постојана битка на распределба во која на работодавачите во последниве години им успеа да го вратат часовникот назад. Синдикатите во моментов се слаби, па очекувам оваа дискусија да потрае". Примерот на металската и електро-индустријата сега имаат намера да го следат и други бранши. Градежната индустрија сака работното време да го зголеми на 42 часа, а јавните служби од наредната година ќе се вратат на 40 - часовна работна недела и тоа без порамнување на платите.