1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Pakistan Bhutto Anschlag

28 декември 2007

По убиството на Беназир Буто тешко е да се верува дека парламентарните избори во Пакистан би се одржале на закаќжаниот термин, 8 јануари. Коментар на Томас Бартлејн

https://p.dw.com/p/ChQN
Атентатот врз Буто предизвика немири во земјатаФотографија: AP
На Пакистан му претстојат тешки денови по убиството на Беназир Буто. Нападот врз лидерот на опозицијата не е исклучителен случај, туку врв на незапирливиот раст на политичкото насилство во последните месеци во земјата.

Засега за заднината на нападот може само да се шпекулира. Од една страна, исламските милитанти упатија повеќе закани на адреса на Буто. Таа во последните месеци даваше проамерикански изјави и најавуваше дека ќе ги сузбие талибанците и Ал Каеда. Доколку е потребно и со помош на Вашингтон.

Од друга страна по неуспешниот атентат во Карачи, непосредно по нејзиното враќање во земјата, за нападот таа ги обвини водечките лица од тајните служби и партијата на претседате.лот Первез Мушараф. Во секој случај мора да се има во предвид дека Беназир Буто е убиена во Равалпинди, каде е стационирана командата на пакистанската армија. Ако човек таму не е безбеден тогаш каде на друго место?

Во овој момент тешко е да се поверува дека парламентарните избори ќе бидат одржани на 8 јануари. Ситуацијата во земјата е нестабилна. Непосредно пред убиството на Буто, беа ликвидирани четворица кандидати од партијата на вториот кандидат на опозицијата, Наваз Шариф.

Пакистанското општество во изминатите години беше во знак на насилство и армијата. Војната која ја водеше западот против Советскиот сојуз во Авганистан ја јакнеше позицијата на восјката, тајната служба и милитантните исламисти. Насилството меѓу верските, националните или политичките групи, денес за жал е секојдневие во Пакистан.

Да се прекине таквата спирала на насилство не е лесно. Тука може да помогне цивилното општество кое во последните години добива на сила. Одлучувачка улога притоа одиграа правниците и новинарите. На Пакистан му се потребни институции од доверба. Вонредните состојби, военото законодавство и уште поголеми овластувања на силите за безбедност не може да го прекинат насилството.