1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Временски притисок

Рајнер Зитфелд14 октомври 2006

Американскиот амбасадор во ОН вели дека се е одготвено за гласање и дека резолуцијата на Советот за безбедност на ОН околу Северна Кореја ќе биде донесена денеска. Русија и Кина се чувствуваат ставени под американски притисок. Двете земји имаат нови задршки во однос на предлог резолуцијата. Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, по средбата со кинески специјален пратеник во Москва изјави д

https://p.dw.com/p/Ac2R
Американскиот амбасадор во ОН, Џон Болтон
Американскиот амбасадор во ОН, Џон БолтонФотографија: AP

�ка текстот содржи елементи кои мора да бидат разјаснети.

”Подготвени сме за гласање.”

Американскиот амбасадор во ОН, Џон Болтон се обидува да ги стави под притисок неговите колеги од Москва и Пекинг. Зашто ниту Русија, ни Кина во изминатите денови не сакаа да чујат за избрзано донесување на резолуцијата на Советот за безбедност околу Северна Кореја.

За резолуцијата би требало да се гласа денеска. САД значително ја омекнаа првичната верзија на предлог резолуцијата против Пјонгјанг. Набљудувањето на секаков увоз и извоз е прецртано, зашто тоа би значело практично целосна поморска блокада, олабавено е и ембаргото за оружје, со тоа што е иземено ситното оружје. Сеуште се споменува поглавјето седум од Повелбата на ОН, кое дозволува воен ангажман, но за да се намалу отпорот на Кина, сега најновата верзија на предлог резолуцијата исклучува воен удар. Еден од многуте компромиси, кои се чини не се сосема разјаснети. Амбасадорот на Кина во ОН, Ванг со изјава: ”Работиме интензивно и ако работиме уште поинтензивно би можеле да постигнеме натамошен напредок.”

И Москва се залага за натамошни преговори. Рускиот амбасадор Чуркин се чувствува под стега од временскиот притисок на неговиот американски колега и напаѓа: ”Можеби е еден вид преговарачка тактика да се напаѓаат луѓе од заднина и да се присилуваат да прифатат работи кои инаку не би ги прифатиле. Но, јас повикувам на повеќе објективност и ве молам да сфатите дека станува збор за една многу важна работа.

И, додека во Советот за безбедност сеуште се расчистува патот за донесување резолуција, од САД доаѓаат информации дека американската влада првпат пронашла знаци кои укажуваат на тоа дека Северна Кореја навистина извршила нуклеарна проба. Првите извршени анализи на проби на воздух покажале траги од радиоактивен отпадок, цитира телевизијата СиЕнЕн еден соработник на националната тајна служба. Специјален авион ги собрал пробите во вторникот, еден ден по нуклеарната проба. Претходно постоеше сомневање во севернокорејските информации, поради тоа што експлозијата при нуклеарната проба била многу мала. Според проценки на експерти, отркивањето радиоактивност во воздухот би можело да значи дека Северна Кореја извршила нуклеарна проба, но дека таа практично била неуспешна.