1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Временско помилување за Германија

19 ноември 2003
https://p.dw.com/p/AeSg

Поради продолженото прекршување на пактот за стабилност европската комисија има намера финансиски да ја заузда Германија. Германија во наредните две години ќе добие заострени барања, зашто подеднакво како и Франција три години едноподруго ја префрла границата од три насто нови задолжувања. Европскиот монетарен комесар Педро Салвес ги убеди своите колеги дека ни Берлин не смее да биде поштеден поради новиот степен на дефицит. Бидејќи земјата и во наредната година нема да ја постигне целта новиот долг да изнесува под границата од 3 насто од брутонационалниот производ, мораат да бидат преземени нови мерки за штедење. Тоа значи, германскиот министер за фионасии Ханс Ајхел мора да го намали таканаречениот структурен дефицит за најмаку 0,8 насто. За возврат Германија ќе смее и во наредната година да ја префрли границата од 3 насто.Ако пактот за стабилност буквално се спроведува, тогаш се предвидени остри санкции во голем износ пари. Зашто идната година Германија по третпат последователно нема да ја достигне целта. Затоа во 2005 година Берлин ќе мора новите задолжувања да ги симне под предвидената граница. Солвес вели: "Комисијата одобри на извесен начин помилување за да се коригира дефицитот, како што веќе е направено со Франција. За во 2005 да се постигне целта веќе во идната година мора да се обезбеди консолидација за околу две третини од вкупно бараното". Со ова решение Комисијата го третира Берлин подеднакво како и Париз пред неколку недели. И Франција имено се наоѓа во истата ситуација: во наредната година по третпат да ја префрли магичната граница од 3 насто. Солвес меѓутоа, знае дека зависи од министрите за финансии на земјите членки на ЕУ кои во наредниот понеделник ќе се сретнат во Брисел:

"Се надевам на добра дебата во идната недела. И верувам дека сите факти ќе се најдат на маса". Сепак, изгледите за успех се мали, зашто на Солвес му треба двотретинско мнозинство кое тешко ќе го собере. Франција и Германија сигурно ќе гласаат против поостри мерки кои уште пред две недели формираа заеднички фронт кога се разговараше за францускиот дефицит. Меѓутоа и Италија, чиј буџет исто така е на стаклени нозе, веројатно ќе гласа против. Тогаш Ханс Ајхел ќе може да каже што мисли за препораките на комисијата: сосема ништо. Сепак, Германија соработува со комисијата и презема доволно мерки за штедење, но не смее да се претерува, зашто, како што вели Ајхел, нови мерки само ќе ја продолжат конјунктурната криза.